Државните агенции за јавно здравство постојано наведуваат дека вакцините против ковид се безбедни и ефективни, но ни тие ни производителите на вакцини досега не објавија информации што би ги потврдиле тврдењата, сметаат од активистичката група која ги мониторира девијациите во работата на државните органи.
Повеќето од податоците што досега се објавени се резултат на непрофитни организации, независни научници и повикување на законот за достапност на информациите.
Тужбата конкретно е поднесена поради несоодветен одговор на неколку здравствени агенции на барањето податоци, студии и анализи за безбедноста на вакцините кои се присутни на пазарот, како и официјални преписки на таа тема од одговорните луѓе во Дивизијата за микробиологија и заразни болести.
Judicial Watch ја обвинуваат актуелната администрација дека игра „криенка“ со документите за ковид и велат дека нивните незграпни и несоодветни реакции како и неподготвеноста да се понудат сериозни информации за релевантни прашања кои ја засегаат јавноста, само ја поткопуваат јавната доверба во и „високо контроверзните средства против ковид“.