Како ретко до сега во средата се случува отворен конфликт меѓу Украина и нејзините западни сојузници за тоа кој ги лансирал ракетите што експлодираа во Полска. Сите, освен Киев, тврдат дека ракетите се лансирани од украинската противвоздушна одбрана.
Столтенберг изјави дека нивните заклучоци се дека иако не е вина на Украина, инцидентот сепак најверојатно е предизвикан од украинската ПВО кое делувало против руските ракетни напади. Полскиот претседател Дуда изјавува дека иако станува збор за советски проектил, „ние немаме докази дека тој е лансиран од Русија.“ Зад изјавата на Дуда застана и Белата куќа, порачувајќи дека инцидентот најверојатно е резултат на делување на украинската ПВО.
Во исто време Зеленски денот по нападите пак остана на позициите од вечерта:
„Од вечерниот рапорт кој ми беше лично даден од генералот Залужниј, не се сомневам дека тоа не е наша ракета и дека не е испукана од нашата одбрана.
За мене нема смисол да не им верувам, јас со нив сум влезен во војната.“
На ставот на Зеленски се надоврза и неговиот главен советник за национална безбедност, Олексиј Данилов, порачувајќи дека ако не дај боже украинска ракета ги убила луѓето, земјата ќе мора да се извини „но, жалам, ама јас пред тоа сакам истрага, пристап, податоци што ги имате - сакаме да ги имаме овие работи.“
Фајненшл тајмс пак пренесува реакција од „дипломат на НАТО држава во Киев“ на изјавата на Зеленски:
„Ова станува смешно. Украинците ја уништуваат нашата доверба во нив. Никој не ја обвинува Украина а тие отворено лажат.
Тоа е подеструктивно отколку ракетата.“