Насоките за 79-годишниот претседател на САД се случајно фатени од фотографите на Г20 самитот, за време на еден од настаните, дур Бајден ги врти листовите што се пред него.
Во официјално скоцканото упатство за состаноците на Бајден, во текстот обележан со YOU со големи букви и црвена боја, му е кажано со кого треба да се фотографира, каде треба да седи и до кого, колку време да зборува и кој лидер треба да го претстави пред публиката.
Најдолу на листот, на Бајден му е напишано да ја сврти страницата и да се префрли на следната од каде треба да ја прочита неговата воведна изјава.
Претходно, во јуни годинава Бајден беше фатен со ист ваков лист за време на состанокот со директорите од индустријата за ветерници, на кој пишуваше „влегуваш во Рузвелт собата и ги поздравуваш учесниците“ и „ТИ седнуваш на ТВОЕТО место“.
Бајден во недела полни 80 години.