Коиндеск, сајтот специјализиран за крипто валути и пазари, тврди дека „бандата деца“ одговорна за катастрофата од 32 милијарди долар биле дел од 10-член „сексуален поликул“ (мрежа од луѓе поврзани преку своите партнери во полигамна врска) кои живееле во луксузен пентхаус на Бахамите кој бил и седиште на нивната операција.
Откако 30-годишниот основач Сем Бенкман-Фрид заврши со кривична истрага за колапсот на ФТХ и уште 130 други поврзани фирми, сега вниманието е префрлено на улогата што сестринската Аламеда рисрч ја има во функционирањето и крахот на ФТХ, и посебно ЦЕО-то на Аламеда 28-годишната Каролин Елисон.
Елисон, чија компанија добива 10 милијарди долари од ФТХ пред самиот крах, од медиумите е опишана како „корисничка на амфетамини, опседната со Хари Потер, дипломирана математичарка од Станфорд.“
Освен службено, Елисон и Бенкман-Фрид приватно биле дел од „кабала на цимери“ кои управувале со крипто-империјата и биле во врска меѓу себе додека живееле во 40-милиони долари вредниот пентхаус на Бахами.
Во истата куќа живеат и ко-основачот на ФТХ и директор за технологија, Гари Венг, и директорот за инженерство, Нишад Синг.
„Сите 10 се, или биле, во романтична врска еден со друг,“ пишува Коиндеск.
За сместувањето на раководството на ФТХ и Аламеда, без личните детали, првично пишува и Секвоја капитал, која со 425 милиони долари е најголем надворешен инвеститор во компанијата. Текстот сега е избришан.
„Пентхаусот во Орхидеја веројатно е најскапиот стан на цели Бахами, и сега е дом на Сем Бенкман-Фрид.
Тој таму живее со 9 цимери. Мала екипа. Само СБФ, неговото семејство (мајка му, татко му и брат му се таму) и најблиски пријатели. Мал тим посветен на поправање на светот - преку магијата на квантитативно размислување и преовалдувачка сила на добронамерност. Сите тие обединети од мисијата,“ пишува авторот Адам Фишер.
Сексуалниот поликул во кој функционират СБФ, Елисон и другите го споменуваат повеќе новинари и аналитичари кои го следат крипто-пазарот. Ваквото функционирање во пракса значело и дека сите конфликти во раководството на компанијата се решавале по истите полигамни линии на Бахамите, и дека имало многу мал надворешен надзор над судирот на интереси во раководството.
ФТХ крахираше откако по неколку лоши гласини за ликвидноста, нејзините корисници повлекоа околу 5 милијарди долари од парите што ги имаат на берзата. Првите стравови околу ликвидноста на компанијата започнаа по вест од Коиндеск дека Аламеда има инвестирано сериозни пари во ФТТ криптовалутата создадена од ФТХ.