Универзумот интуитивно ни се чини без облик бидејќи се работи за нешто непоимливо големко, но можеби има форма што астрономите можат да ја набљудуваат.
Па, во каков облик е?
Физичарите мислат дека универзумот е рамен. Неколку линии на докази укажуваат на тоа: светлината останата од Биг Бенг, брзината на ширење на универзумот на различни локации и начинот на кој универзумот „изгледа“ од различни агли, велат експерти за Лајв Сајенс.
Обликот на универзумот со децении го истражува Дејвид Шпреглер, теориски астрофизичар и професор на Принстон. Тој ги има мерено нерегуларностите во „космичката микробранова позадина“ што било набљудувано и од летала на НАСА (Wilkinson Microwave Anisotropy Probe) и подоцна од Европската вселенска агенција (Planck).
Количините на позитивна и негативна енергија во рамен универзум се сосема исти, и затоа се поништуваат една со друга. Кога вселената би била закривена, едната би била поголема од другата.
„Рамниот универзум одговара на универзум со нула енергија“, вели Шпреглер кој се повикува и на мерењата на флуктуациите од Вилкинсон кои сугерираат дека универзумот е истовремено рамен и бесконечен.
Друга причина зошто тој стои зад теоријата за рамен универзум е неговото рапидно ширење, што е опфатено со Хабловата константа. Бидејќи од постоење како компактна топка материја, универзумот преминал во ширење нанадвор со извонредни брзини, неговото растегнување е рамно, или барем што е можно поблиску до рамно.
Трета линија докази за рамен универзум е тоа дека тој е изотропен, односно изгледа исто од сите агли, со што се бавел Антон Чудајкин, физичар од руски нуклеарен институт за истражувања.
Докази за рамноста на универзумот има и во она што е познато како критична густина. На критична густина, хипотетички универзум би бил рамен и на крајот евентуално би престанал да се шири, но само после бесконечно време (така викаат, не прашујте детали). Ако хипотетички универзум би бил погуст од ова, тој би бил закривен како сфера и на крајот би се срушил сам по себе поради неговата гравитација - феномен познат како „Големиот лом“.
Но, сите мерења на нашиот реален универзум сугерираат дека тој е нешто под критичната густина, што значи дека е рамен и дека ќе се шири до даљнег.
Кај тоа ќе се шири на мајка му кога тој е СÈ, исто така, не прашујте.