„Мислам дека сите сега се значително загрижени.
Битноста на залихите повторно се врати,“ изјавил неименуван НАТО функционер за Форин полиси.
Процената е дека во артилериската војна против Русија, Украина го потроши речиси целиот арсенал од советско време, кој претставува околу 60% од нивната вкупна залиха, и сега Киев се повеќе зависи од пратките од НАТО.
„Буквално веќе немаме 152-милиметарска артилерија, па сме тотално зависни од 155-милиметарска, а 155-ките се ограничени,“ објаснува украинската пратеничка, Саша Устинова.
За сега Украина има доволно залихи и опрема за да продолжи да се бори на двата фронта (источен и јужен), ама процените се дека нов руски напад на северот ќе предизвика сериозна криза во залихите.
Дискусијата во НАТО сега е околу основните одбранбени планови на Алијансата кои ќе мора да бидат преадаптирани и НАТО да најде начин како ќе заштити некој од своите членки ако резервите во оружје и муниција паднат под пропишаните нивоа.
Нивото на воената залиха е добредојдено за сегашни и поранешни американски функционери кои притискаат за постојано зголемување на воената потрошувачка.
Залихите на САД и Западна Европа се далеку под нивоата од времето на Студената војна, и префрлањето од директен судир меѓу САД и СССР на судир меѓу Западот и Русија против муслиманскиот тероризам. При оваа промена западните војски значително повеќе се потпреа на воведување нови технологии и прецизна муниција.
„НАТО не планира стварно да води војни како оваа, војни со супер интензивно користење на артилериски системи и многу многу тенковски проектили.
Ние никогаш не сме ни имале залиха како за оваа војна,“ објаснува Фредерик Каган од Американ ентрепрајз институтот.
Според поранешниот функционер од администрацијата на Трамп, Џеб Наданер, САД моментално стојат слабо со залихи на Џавелин против-тенковски проекти или ракети за ХИМАРС. Украина до сега има добиено 20 ХИМАРС системи а уште 18 треба да стигнат.
Барањата на САД и НАТО до производителите за зголемување на производството за сега речиси и немаат некој посебен резултат бидејќи производителите бараат гаранции дека ваквиот апетит ќе остане и по војната.
„Тоа што тие во основа го велат е да ги видиме парите. Нивниот страв е дека војната ќе заврши и нарачките ќе завршат и тие на крај ќе имаат фабрики со зголемен капацитет без доволно нарачки тој да се пополни,“ објаснува поранешниот шеф на одделот на Пентагон за структура и инвестиции, Марк Канкиан.
Вработените се посебен проблем кај зголемувањето на капацитетот на воената индустрија заради стравот на професионалниот и образован кадар дека при намалување на побарувачката тие ќе бидат меѓу првите што ќе останат без работа.