Фронтекс не ги чува границите туку пречекува мигранти

Поранешниот прв човек на Фронтекс сведочи како под влијание на невладини организции, Европската комисија му вршела притисок и му објаснувале дека неговата работа не е да ги чува европските граници туку да ги пречекува мигрантите. Затоа ги советувал полските власти да не ги користат услугите на Фронтекс.

Фото: ЕПА

Поранешниот шеф на Фронтекс и европратеник, Фабрис Леџери, проговори за тоа како елитата на Европската Унија вршела огромен притисок врз него кога се обидувал да ги брани границите на ЕУ од масовната миграција.

Главен трансмитер била надлежната комесарка Илве Јохансон од шведската левица која го убедувала дека негова главна работа е да „ги пречекува мигрантите“.

„Кога првпат и ѝ го погледнав CV-то пред нашиот прв состанок, си помислив дека ќе биде невозможно да се работи со неа. Но, таа беше комесар со вистинско влијание“, вели Французинот. На нашиот прв состанок, ѝ објаснив што правиме - развиваме европска гранична и крајбрежна стража, униформирана и воружена.... Ме прекина и рече: „Не ви требаат оружје и униформи. Според неа, улогата на граничната стража е да ги пречекува мигрантите.

И  во неколку други наврати го опоменувала и го потсетувала дека пречекот е главна задача на Фронтекс.

Леџери, кој сега е член на блокот Патриоти за Европа во Европскиот парламент вели дека на почетокот, Европската комисија давала поддршка за оригиналната мисија на Фронтекс но биле под постојан притисок од про-мигрантски НВО-а.

Нивните активисти кои се нарекувале „бранители на фундаменталните права,“ со текот на времето заземале советодавна улога за Фронтекс, со конкретни планови кои бегалци каде да се транспортираат.

Заради ваквата поставеност на работите, Леџери ги советувал полските власти да не ја користат помошта на Фронтекс.

Кон крајот на 2019 година почувствувал вистински притисок и политичко непријателство кон самата идеја за менаџирање на границите. Во тоа биле вклучени Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос и некои левичарски медиуми.

1 ноември 2025 - 10:37