Бразилската Либерална партија бара од изборниот суд да ги отфрли гласачките ливчиња од одредени гласачки машини кои според нив биле компромитирани за време на вториот круг од гласањето.
Во прашање се некои си 280.000 гласачки машини, кои беа инсталирани уште пред 2020. Болсонаро и претходно тврдеше дека бразилскиот електронски систем на гласање не е отпорен на измами.
Доколку се прифати барањето на Либералната партија и овие гласови се избришани од крајниот резултат, Болсонаро ќе биде победник на изборите со „51,05% од гласовите, наспроти 48,95% за Лула.“
Судот сега и даде на партијата уште 24 часа за да го коригира барањето и во него да го опфати и првиот круг од гласањето. И во двата круга се користени истите машини.
Болсонаро иако не призна пораз, тој претходно дозволи да се тера постапката за предавање на претседателската власт на неговиот противкандидат, Луиз Инасио Лула да Силва. Од крајот на вториот круг симпатизерите на Болсонаро не се застанати со масовни протести, со милионско присуство, против изборните резултати по завршувањето на вториот круг од изборите.
Мандатот на Болсонаро како претседател на Бразил треба да заврши на 1 јануари кога е закажана инаугурацијата на Лула.