Првично новинарот Акио Хоши пишува за отпуштањето на тимот за курирање содржини на Твитер, за потоа јапонските корисници на Твитер да посочат на можната соработка меѓу јапонските медиуми и отпуштениот тим за содржини.
Корисниците тврдат и дека по отпуштањето на тимот за курирање, трендинг темите сега изгледаат многу „помирољубиво“.
Тие сега забележуваат префрлање кон теми од поп-културата како „Mobile Suit Gundam“ и „Sword Art Online“.
За волја на вистината и покрај напорите на тимот и мешањето во трендинг темите, тие успеваат многу малку да го променат реалниот дискурс на платформата.
„Најголемиот дел од отпорот кон политички активизам најверојатно се сведува на побазични културолошки аспекти, пример тоа што во Јапонија хармонијата се цени повеќе од сè останато,“ пишува Форбс.