Сан Франциско нуди гарантиран приход за трансџендери

За секој месец да добиваш пари од градот треба да си сиромашен но и трансродов, небинарен, родово неконформен или интерсексуален. Имаме и коментар од еден познавач на состојбите на либералниот западен брег.

Градоначалничката на Сан Франциско, Лондон Брид, ја најави програмата ГИФТ (Guaranteed Income for Trans People) по која сите трансродни граѓани со ниски примања ќе примаат месечна помош од 1.200 долари. Програмата ќе трае18 месеци и има за цел да ја ублаѓи финансиската несиогурност во трансџендер заедницата.

„Знаеме дека нашите трансџендер заедници доживуваат ммногу поголема стапка на сиромаштија и дискриминација па оваа програма треба на многумина да им помогне да застанат на нозе,“ рече Брид.

Една студија од 2015 година вели дека 33% трансџендери живеат во сиромаштија, наспроти 12% колку што изнесува генералната стапка.

За да се добијат парите од градот, потребно е човек да има примања помали од 600 долари и да биде трансродов, небинарен, родово неконформен или интерсексуален. И на секои три месеци да пополнува анкета.

Американските Републиканци имаат поинакви планови на оваа тема: укинување на федералното финансирање на колеџи кои на трансџендер жени им дозволуваат да учествуваат во женски спортови, закон со кој трансџендер лица би можеле да тужат медицински лица кои им помогнале да тргнат во транзитирање како малолетници и блокирање на финансирањето на училиштата  кои не ги почитуваат државните закони за „материјали штетни за малолетници.“

Нашиот:

Не е ова новост, во Вест Холивуд  тоа го воведоа пред скоро две години, исто експериментално.

Притоа, што има Сан Франциско? Го има Кастро Дистрикт, геј хаб на Америка. Исто и Вест Холивуд: која мајка педер изгубила, таму ќе си го најде. Па зошто тогаш не даваат грантови за педери (кои ги има), за разлика од трансџендери (кои ги нема баш претерано)?

Еден можен аргумент е дека на педери баш и не им требаат грантови, пошто се вредни и снаодливи момци.

Али ако не педери, оти па трансџендери? Тоа е како да дојдеш во Тафталиџе и да кажеш: од сега сите Швеѓани во оваа населба ќе примаат 200 евра месечно. Кои курчеви Швеѓани кога нема ниеден?

Сево ова ме потсети на една анегдота со братучед ми Цеко од Битола. Имено, кога учеше гимназија, ги испрашувал професорот по географија на тема "Сточарство во Австралија". И братучед ми одговорил "Во Австралија има многу кози." Професоров се намрштил: "Е, кај ги најде кози во Австралија?" Братучед ми се корегирал: "Во Австралија има малку кози." Професоров не попуштил: "А мор, нема кози во Австралија, ни многу ни малку!" Братучед ми, пак, упорен момак: "Ех, нема. Ниедна коза нема?" Професоров се согласил на компромис: "Еми од кајдазнам, можи има една." Братучед ми заклучил: "Во Австралија има една коза." Професорот: "Добро, седи. Двојка."

Така исто и со трансџендерите во Сан Франциско: можи има некој.

баџото од Америка

20 ноември 2022 - 11:03