Башар ал Асад осуден на смрт во Сирија
-
Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, во отсуство е осуден на смрт за злосторства извршени за време на речиси 14-годишната граѓанска војна во земјата.
-
Судот во Дамаск го прогласи за виновен за убиство со умисла, тортура, произволни апсења и злосторства против човештвото, вклучително и убивање деца.
-
На смрт е осуден и неговиот брат Махер.
-
Асад во 2011 година се соочи со масовни протести кои прераснаа во долгогодишна граѓанска војна во која страдаа стотици илјади луѓе. Странски сили (САД, Турција, Иран, Русија...) здушно учествуваа во судирите, помагајќи ги „своите“.
-
Во декември 2024 ел Асад беше соборен кога противниците влегоа во Дамаск а тој пребегна во Русија која му понуди засолниште.
-
Сега со Сирија раководи ребрендираниот Абу Мохамед ал Џулани, поранешен член на Ал Каеда, основач на Џабат ал-Нусра (сириското крило на Ал-Каеда) група означена како терористичка организација од САД, ООН, ЕУ и други. Своевремено имаше награда од 10 милиони долари за информации што би довеле до негово апсење.
-
Денес Џулани е кооперативен и угледен член на „меѓународната заедница.“