Портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност нагласил дека Брнс не води никакви преговори, туку само пренесува порака околу последиците за користење нуклеарно оружје.
За тие што паничат околу средбата, портпаролот изјавил дека тие се отворени околу фактот дека „имаат канали за комуникација со Русија околу менаџирање на ризиците.“
Претходно беше објавено и дека советникот на Бајден за национална безбедност, Џејк Саливен, исто така бил во контакт со своите руски колеги (Патрушкин), за да ги предупреди околу користењето на нуклеарно оружје во Украина.
Кон крајот на октомври за прв пат од мај телефонски се слушнаа рускиот и американскиот министер за одбрана, Шојгу и Остин, каде според официјалната верзија исто така се зборувало за употребата на нуклеарно оружје.