Уште во 1798, Конгресот поништи одбранбен договор со Франција. Конгресното ставање крај на учеството на САД во НАТО нема да биде уставна новост.
НАТО стана излишно во 1991 кога неговата причина за постоење - Советската империја - се распадна. Со тоа што остана во НАТО и го предводеше неговото проширување до границите на Русија со 30 членови, САД го испровоцираа претседателот Владимир Путин да ја нападне Украина. Таа беше на пат да се приклучи кон НАТО и да го засили обрачот на и онака ослабената Русија со што стана поголема егзистенцијална закана за нејзе отколку што Кубанската ракета криза претставуваше егзистенцијална закана за САД.
Со повлекувањето од НАТО, Конгресот би можел да стави крај на егзистенцијална закана што беше повод за руската инвазија на Украина и да ја изгаси амбицијата на извршната власт за промена на режимот или слабеење на Русија. САД е локомотивата на НАТО а другите членки заедно за помошен вагон. Конгресното повлекување ќе му дозволи на Путин да го спаси своето достоинство доколку стави крај на рускиот воен и политички дебакл во Украина тврдејќи дека целта на војната е постигната.
Нуклеарните и конвенционални воени сили кои САД може да ги собере за да ја уништи Русија или да го одбрани НАТО се неверојатни. Годишната безбедносна потрошувачка на САД е нешто под 1.700 милијарди долари. Ние сме најбезбедната нација во историјата на светот. Европските НАТО членки му испраќаат аларми за помош на САД кога треба да се смират немири во нивниот двор, како што беше при распаѓањето на Југославија во 1991. Руските сили беа спречени да им помогнат на своите српски пријатели. Американска војска останува во Косово, кое молеше за трајна американска воена база. Севкупно, НАТО без САД и хартиен тигар и не е никаква егзистенцијална закана за Русија со или без Украина.
Меѓутоа и Русија е хартиен тигар. Нејзината војска покажа мизерни резултати во Украина. Таа беше присилена да се потпира на Иран за оружје. Руската воена потрошувачка е само парченце од колективниот одбранбен буџет на европските НАТО членки. БДП-то на ЕУ е осум пати поголемо од руското.
Дополнително, Русија е сведок на неизмерно губење на стручни кадри заради војната во Украина. Нејзината популација од 145 милиони луѓе е помала за речиси половина милион од почетокот на годинава.
Севкупно, Русија не е закана за европските НАТО членки. Не е ни близу. Заминувањето на САД од НАТО нема да ги остави во небрано.
Повлекувањето од НАТО со одлука на Конгресот и последователното прекинување на Руската војна во Украина ќе му спаси на САД стотици милијарди долари. САД е на пат да потроши над 100 милијарди долари на поддршка на Украина за помалку од една година. Војната не покажува знаци на завршување во блиска иднина се додека САД останат во НАТО.
Место за дипломатија нема. Зеленски инсистира на освојување на целата територија окупирана од Русија, вклучително и Крим. Руските воени злосторства украдоа од Украинците на ниво над какво било помирување. Пропагандата на Путин ќе го направи незамисливо секое дипломатско помирување кое нема да опфати руско присвојување на украинска територија.
Со други зборови војната во Украина ќе продолжи да трае и бескрајно да цеди од САД по 100 милијарди долари годишно ако дипломатијата е стратегијата наместо повлекувањето од НАТО.
Конгресот ќе го поправи и сопствениот имиџ и ќе биде поздравен како глобален миротворец ако го започне прекинувањето на војната во Украина преку ставање на крај на американското членство во НАТО. Со тоа ќе започне и очајно потребниот предизвик на империјалната претседателска моќ.