„Додека армијата на Путин во мај ги бомбардираше украинските војници во железарата Азовстал, танкерот Маринер 3 го напушти црноморското пристаниште Туапсе товарено со 200.000 барели нафта.
По пет дена на море, 170-метарскиот брод застана до поголем танкер, грчкиот Маринула, во близина на брегот на грчка Каламата. Во следните 36 часа, двата брода беа поврзани со големи гумени цевки преку кои Маринула преземаше дел од товарот на Маринер. По префрлањето од брод на борд, Маринула тргна кон Британија, каде на 6 јуни се закотви на пристаништето во Линколншајр и истовари околу 250 барели нафта.
Официјалните документи покажуваат дека Британија нема увезено нафта од Русија во јуни или јули. Пратката беше правилно класификувана и пријавена според британските протоколи и немаше никакво прекршување на поморските правила,“ пишува британски Тајмс.
Ова е една од најмалку 39 пратки руска нафта, вредни над 200 милиони фунти, кои пристигнале на британските пристаништа од почетокот на инвазијата на Украина, а да се класификувани како увезени од друго место.
Според официјалните документи како земја на потекло на спорните пратки се наведени држави како Германија, Холандија и Белгија.
Без разлика на ова, британските институции со целосна одговорност тврдат дека земјата нема увезено нафта од јуни годинава. Ваквата разлика се должи на тоа што британската Канцеларија за национална статистика потеклото на нафтата го оценува според државата што ја испратила, а не производителот.
И ова не е некој проблем што е решен, па Тајмс пишува дека последната ваква пратка до објавувањето на текстот е од пред неполни две недели, и тоа на брод кој истоварил половина милион барели нафта.