Унгарија прикажана на шалот во своите граници опфаќа територии од денешна Австрија, Хрватска, Романија, Србија, Словачка и Украина.
Виктор Орбан кој и претходно знаел да сподели слики од Голема Унгарија, по галамата околу шалот на Фејсбук напиша:
„Фудбалот не е политика, ајде да не гледаме нешто што го нема.
Унгарскиот национален тим е тим на сите Унгарци, без разлика каде тие живеат.“
Мапата опфаќа територии кои Унгарија ги загуби во 1920 со Тријанонскиот договор, со кој завршува Првата светска војна меѓу Сојузниците и Кралството Унгарија. Со договорот Унгарија губи две-третини од својата територија и тој за добар дел од Унгарците претставува национална трагедија.
Откако Орбан се прошета со шалот тој беше прозван од чешкиот министер за надворешни работи заради провоцирање на соседите, романското министерство за надворешни работи го обвини за ревизионизам, а украинското министерство за надворешни работи го свика унгарскиот амбасадор во Киев.