Бидејќи Херсон падна под руска окупација во првичната фаза од војната, градот беше поштеден од безмилосното уништување што на пример го преживеа Мариопуљ. До последен ден од повлекувањето на Русите, во градот регуларно функционира и градскиот водовод и електрична мрежа, кои на одење беа саботирани.
„Херсон, пристаниште на Црно Море основано од Катерина Велика, беше место што Путин сакаше да го асимилира, а не да го разруши,“ пишува Вашингтон пост.
Самиот руски успех во освојувањето на Херсон уште во март се должи и на „конекцијата што многумина тука ја чувствуваат со Москва.“ Во Херсон илјадници луѓе земаа руски пасоши, и прифатија плата во рубљи.
Во еден од објектите во Херсон, Русите зад себе оставаат обемна документација со имињата и адресите на локални жители кои аплицирале за руски пасоши, пензии, вработување или помош. Кога новинарот на Вашингтон пост оди на неколку од адресите на апликантите, таму не наоѓа никого, а нивните соседи или роднини изјавуваат дека тие си заминале пред враќањето на украинската војска.
Еден од луѓето на списоците кој Вашингтон пост го наоѓа, објаснува дека се пријавил за руски пасош заради ветувањето дека така ќе добие трајна руска пензија.
„Имам украинска пензија, ама таа не е доволна за да се преживее или за да се купат лекови.
Не знам што ќе се случи. Украинците може да ме стрелаат утре,“ изјавил 60-годишниот Саша за Пост.
Кога неколку локални функционери се собираат да разговараат за испорака на лебот или поправање на електричната мрежа, прво муабетот се врти на колабористи на Русите, бидејќи од 9 советници пред инвазијата, 5 соработувале со Русите. Сите овие денес се избегани во Крим, собирајќи сè со нив.
Од друга страна, во градската болница во Херсон, раководството од времето на руската окупација решава да не избега туку сака да продолжи да работи таму, нешто за што треба да одлучи СБУ, украинското разузнавање.
Во репортажата новинарите на Пост разговараат со Марина Ивановка, 60-годишната директорка на поморскиот колеџ во Херсон. Таа раскажува како по доаѓањето на Русите била отпуштена и било забрането да влегува на кампусот, а на нејзино место е поставена про-руска замена.
Со враќањето на Украинците и таа се враќа во колеџот. Кога од СБУ доаѓаат да ја прашаат нешто плус за нејзината замена, таа ги препраќа кај еден од чуварите, кои останаа вработени за време на Русите, и не избегаа по враќањето на Украинците.
Откако чуварот е сослушан од СБУ, Ивановка налетува на него во дворот на колеџот, конфронтирајќи го со „со задоволство работеше за Русите. Живееше тука, те плаќаа, и ја продаде својата родна земја.“
На ова чуварот и враќа дека само суд може да го суди. По што двајцата си префрлуваат еден на друг:
- Ме зафркаваш ли? Не ли земаше плата од нив.
- Па што, цел град земаше плата од Русите!