Макрон спремил бункер за бегство од Елисејската палата

Соочен со се помасовни и понасилни протести, францускиот претседател Емануел Макрон спремил план за бегство од Елисејската палата ако демонстранти ја загрозат неговата резиденција, тврдат истражувачки новинари во нова книга. Службите разработуваат и планови за реакција при уште пожестоки нереди за време на претседателските избори идната година.

Министерството за вистина на Ентони Албанезе

По неколку неуспешни обиди блокирани од Сенатот, австралиската лабуристичка влада повторно се обидува да воведе цензура на интернетот – овој пат скриена во Предлог-законот за дигитална должност за грижа. Навидум безопасниот наслов го прикрива веројатно најзначајно преземање на контролата врз интернетот од страна на која било влада на Западот.

Холандија воведе затворски казни за имигранти што одбиваат депортација

Холандија одобри реформа со која предвидуваат затворски казни за илегални имигранти кои одбиваат да соработуваат со властите и ја одбиваат наредбата за депортација. Се прошируваат условите во кои органите може да прогласат некое лице за „непожелно“ и времето на задржување во притвор за да се утврдат околностите за делото поради кое биле уапсени.

Речник

Путин умира, Русија ја напаѓа Естонија, НАТО губи

Додека Вашингтон и Москва се обидуваат да конструираат нова безбедносна архитектура на континентот, Европски аналитичари развиваат сценарија за војна на НАТО со Русија, веќе во 2030 година. Сценариото изработено од RAND Europe проектира пораз на НАТО, како дискретен повик за милитаризација, засилување на одбранбената индустрија и цивилната заштита.

Трамп на време ги продал акциите во Nvidia

Претседателот Трамп, кој беше близок до Џенсен Хуанг, пред три месеци продал акции на Nvidia во вредност од милион долари, пред да почнат вртоглаво да паѓаат. Уште повеќе заработил демократски конгресмен, кој ги продал акциите кога имале историски максимална вредност, неколку дена пред да избувне скандалот со љубовната афера на Хуанг со кинеска шпионка.

Соседите одбиваат да му ја затворат задната порта на Иран

Државниот секретар Рубио изјави дека САД немаат потреба да го бомбардираат Иран, туку економски ќе го исцрпуваат со современа форма на средновековна опсада. За таа цел е формирана работна група „Железна порта“. Операцијата, сепак, зависи од соседите на Иран, кои имаат сопствени интереси и се противат на американската иницијатива за затворање на обрачот.

Off Topic

Речните „капсули“ на Африка

Од избори до избори, на луѓето од јужноафриканското село Дикидини (општина Нтабанкулу, молим лепо) им се ветува дека ќе им се изгради мост за да можат да ја преминуваат реката Мзинлава. Пошто политичарите упорно ги лажат, луѓето ја минуваат реката така што стручни лица ги пикаат во пластични буриња (кај нас зелка што се става) и после ги навигираат. Ако клиентот заврши во океан, не плаќа.

Конечна српска победа над Клинтон

Кога Америка и НАТО ја бомбардираа Србија и особено нејзините мостови (а во Црна Гора осамна графитот: „Бомбардујте и нас, нијесмо ми шугави“) во едно село крај Јагодина се изроди неочекуван отпор на локалното население чии првоборци беа спремни да го бранат своето дрвено мовче до последниот промил алкохол во својата јуначка крв. 27 години подоцна- железно мовче!  

Колку песни собира една песна?

Песната „Groove Is in the Heart“ на Американците Dee Lite e една од највечатливите песни евер. Само неколку такта се доволни да ја познаеш, живо да се сетиш на некоја атмосфера во која си ја слушаш или пак да ти текне на разиграниот диско спот кој го потпишува Хиројуки Накано. Супер им текнало, нели? Да му влеземе под хауба на овој музички Франкенштајн.

Како од министерка да се вратиш на „Гоца, нокти, евтино“?

Дуда Буржујка од кај Кесиќ има одлична песна за оние кадровски полуфабрикати кои  напредуваа за време на долгото владеење на Александар Вучиќ и се навикнаа на удопствата на своите функции за сега да мора да се вратат на фабрички подесувања. Мета е развластената кадровска елита на СНС но пораката важи и за овдешните крлежи кои прелесно се уфилмуваат и мислат вечно ќе им трае.

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Локалности

Net Roulette

Offside

На само 21-годишна возраст, Еспозито се наметнува како светла иднина во националниот тим. Младиот напаѓач на Интер ги напаѓа историските рекорди на италијанскиот фудбал.

Off Café

Bookbox

Помеѓу обожавателите на одреден пејач или бенд постои хиерархија, во која најпосветениот е оној што знае сè, го следи секој настап и може да докаже дека неговата љубов кон музичарот е поголема од онаа на останатите. Така, се создава атмосфера во која нема простор за лежерно уживање - компетитивноста подразбира познавање на „материјалот“ ко да се работи за  полагање пред комисија. 

Ако сте далеку од вашите тинејџерски години, тоа да имаш симпатија може да го доживувате како нешто по малку срамно, незрело или тажно, особено кога чувствата не се возвратени. Но, според неколку психолози и филозофи (а ним нели треба да им се верува), неостварената заљубеност не мора да биде извор на страдање. Напротив, понекогаш може да биде мал, но значаен потсетник дека сè уште сме способни да чувствуваме возбуда, љубопитност и нежност кон некого.

Букбокс читанка: „Крајот на сè“ од М. Џон Харисон или првиот научно-фантастичен роман што доби Букер

На свеченост која беше пренесувана во живо, со црвен тепих, гала вечера и други салтанати нетипични за книжевна награда, на 9 ноември за прв пат Букеровата награда ја доби научнофантастичен роман. Неговиот автор има 81 година, а зад себе има повеќедецениска кариера во овој жанр. Сепак, наградената книга не нуди класична приказна за крајот на светот, туку необичен, фрагментиран поглед кон реалноста што полека се распаѓа. 

Kоја е најголемата болка што може да ја почувствува човек?

Постои ли болка што е толку силна што ги надминува сите други човечки физички страдања? Kамен во бубрег, породување, прострелна рана, скршеница или мигрена – секој што поминал низ некое од овие искуства веројатно ќе го памети како најлошата болка во животот. Но што ако постои состојба за која луѓето велат дека е уште поболна од сите нив? 

„Погледни ме“ – нова автобиографија на Дастин Хофман

Вчера, 10.11., излезе нова автобиографија на Дастин Хофман во која тој се навраќа на патот од несигурното момче од Калифорнија до еден од највлијателните актери на американската кинематографија. Но ова не е само холивудска приказна за успехот, славата и незаборавните улоги. Тоа е и исповед за потребата од признание, семејните рани, старите демони и тешкотијата човек да се соочи со сопствените слепи точки.

Off Course

Храна за возрасни

Стигнавме на дното