ПСЖ, Баерн, Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед бараат 16-годишен талент
12 ноември 2025
- Младиот 16-годишен фудбалер на Херта Берлин, Кенет Ајхорн кој игра во среден ред, е цел на најголемите европски клубови.
- Тинејџерот пред неколку месеци стана најмладиот фудбалер кој дебитирал во германската втора лига, во август заигра на само 14 дена после неговиот 16-ти роденден. Од тогаш до сега има 9 настапи од кои 7 во почетен состав на Херта Берлин во втора лига.
- Тој важи за најголемиот германски талент во моментов. Неговата откупна клаузула клубот ја одредил на сума помеѓу 10 и 12 милиони евра.