Сите зборуваат за неговиот говор: Македонски политичар ја запроси саканата

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Мастило.

Кристијан Ангелов, кандидат за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Чаир, сподели убава вест на социјалните мрежи.

Ангелов денес ја запроси саканата Елизабета, а она што го напиша под фотографиите е чиста поезија.

„Целиот живот сум верувал во идеали, ама денес стојам пред најубавиот – љубовта кон тебе, Бети. ВМРО во душата, ТИ во срцето. 23-ти Октомври и најубавото ДА“, напиша идниот младоженец.

4 ноември 2025 - 14:44