Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот HypeTV.
Познатиот стилист за коса Зоки Давитков посстојано ни сервира на Инстаграм фотографии од своето извајано тело, но и такви каде е на одмор, начесто покрај море.
Но, забележавме дека на неколку најнови фотографии има две чаши (претпоставивме дека е со некого на одмор) и хотелски амбиент.
Па, решивме да му се јавиме и директно да го прашаме. Еве што ни одговори за Хајп мк:
„Ова не е фотографија од одмор. Бев на одмор со моите другари со кои одам веќе 15 години, а се приклучи и екипа од Белград.
Најчесто патувам со истите луѓе со кои работам и имаме одмор во исто време, затоа што е тешко да се усогласиш за времето и за финансиската расположливост за посакуваните дестинации и периодите во кои сакаш да патуваш.
Фотографијата е конкретно од хотел во Гевгелија, каде имаме многу клиенти кои кај нас ставаат надградби на коса, и секогаш кога одиме таму, ми организираат пречек.“