Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Почнува 4-тата конференција „Наука за деца“

16 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • 4-тата научна конференција „Наука за деца“ ќе се одржи утре и задутре (17 и 18 октомври) во приватното училиште „Нова“ во Скопје, а оваа година темата е вештачка интелигенција (ВИ)
  • Во рамките на отворањето утре, петок, предавања ќе одржат трите стипендистки – Ангела Тунеска, Софија Петковска и Деа Атанасов, кои изминатата година работеа со нивните ментори Илија Дуковски (Boston University), Андреј Ристески (Carnegie Mellon University) и Билјана Мојсоска (Roskilde University). Задутре, сабота, ќе се одржат работилниците на следниве теми: 1. ШТО БАРАШ ТИ ВО МОЈА ПЕСНА? - ЧОВЕК И МАШИНА ВО ДУЕТ со Никола Перевски - Пере и проф. Никола Стиков, 2. В.И. ВО УЧИЛНИЦАТА: СОНУВАМЕ ЗА ЧАС ОД ИДНИНАТА со Мирјана Пауновска, м-р Драгана Стиков и проф. Ана Стојанов 

Пријавувањето на работилниците се уште трае (до пополнување на местата), тоа можете да го направите тука.

извор

Почина Родољуб Анастасов, доајен на македонското сликарство

5 април 2026
  • Share
  • Post
  • Еден од најважните автори во современата македонска уметност, Родољуб Анастасов, почина вчера, во Скопје. Фондацијата „Родољуб и Јустина Анастасов“ соопшти дека тој починал во 91. година од својот живот.
  • Анастасов беше професор од првата генерација на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ). Тој бил ученик на Лазар Личеноски, Димитар Пандилов и Васил Коџоман, а во 1962 дипломирал на Уметничката академија во Белград. Од 1980 година до пензионирањето беше професор на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје.
  • Во 2011 година, Анастасов му подари на Музејот на Град Скопје збирка од вкупно 389 дела, a Музејот именуваше една од галериите „Јустина и Родољуб Анастасов“, каде што секоја година се отвора поставка со дела од колекцијата и која често и самиот ја посетувал. Последната изложба на Анастасов со нови дела беше во Музејот на Град Скопје, во јули 2023, насловена „Визии – глава полна со луѓе“, со над 200 портрети, насликани во периодот 2016-2022.
извор

„Слики на вкусот“ - повик за млади уметници

31 март 2026
  • Share
  • Post
  • Проектот „Сликите на вкусот“ објавува отворен повик за млади уметници и фотографи на возраст од 18 до 35 години од Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија. Тој не бара само естетски фотографии од храна, туку визуелни приказни за ритуалите: месење леб, одење на пазар, семејни трпезарии и традиционално производство на вино и ракија. Целта е преку објективот да се документираат односите што се градат околу заедничката трпеза. 
  • Финалните трудови ќе бидат претставени на голема регионална изложба во Скадар, Албанија, во мај 2026, каде што македонските учесници ќе ги изложат своите дела заедно со врсниците од регионот – соопшти Mеѓународниот фестивал на алтернативна фотографија. Локален партнер одговорен за спроведување на проектот во Македонија е Фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно“.
  • Избраните учесници ќе имаат можност да ги развиваат своите концепти под директно менторство на Сашо Алушевски (Македонија) и Звездан Манчиќ (Србија). Програмата ќе се реализира во април и мај преку хибриден модел на осум работилници, кои вклучуваат работа на терен, индивидуални сесии и онлајн-менторство.
  • Повикот е отворен до 10 април 2026. Заинтересираните може да аплицираат со фотосерија, есеј или со архивски материјали или со проектна идеја/концепт, кој допрва би го развивале. Апликацијата треба да содржи кратка биографија, опис на концептот и до 15 фотографии. Предлозите се испраќаат на photofestgrain@gmail.com.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Еден обичен ден во Скопје

Македонштина
2

Се сретнале двајца научници на Фејсбук

Балканштина
3

Велешани некогаш даваа гемиџии, денес немаат јајца

4

Го докопаа

Балканштина
5

Стан во кој нема да сте сами

Македонштина
6

Пентагон ги крие жртвите

Свет
7

Психопатијата си најде нов непријател

Мешано
8

Солзите на инжинерот кому му го срушија мостот

Разно
1

Со Стент во срцето

Bookbox
2

Скорпио Мартијанус или како да станеш инфлуенсер зборувајќи - латински!

Bookbox
3

Запознајте ја Снежана Радојичиќ - велосипедски номад

Bookbox
4

Што значи зборот „дијабетес“?

Bookbox
5

Почина Родољуб Анастасов, доајен на македонското сликарство

6

Дечкото со една нога кој освоил шампионска титула во борење

Bookbox
7

Букбокс читанка: Историја на железниците во Македонија (1873-1973)

Читанка
8

Најголемата измама во историјата на физиката?

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Еден обичен ден во Скопје

Балканштина

Го докопаа

Балканштина

Се сретнале двајца научници на Фејсбук

Македонштина

Стан во кој нема да сте сами

Балканштина

Како во Србија се навива за ректор

Балканштина

Сељачење на висока нога

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ник Кејв не паѓа на мали финти за големи вистини

Галија, мазија, пак ќе биде наша, најгрда

Се сеќавате на #Occupy?

Оффнет има некој баг

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy