Аеродром и Крушево добиваат нови спортски сали
12 ноември 2025
- Отпочнување на изградбата на две нови спортски сали и реконструкција на спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се три големи проекти што ќе ги спроведе Министерството за спорт до крајот на годината, најави министерот Борко Ристовски на гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.
- До крајот на годината Министерството за спорт ќе ги постави темелите и ќе почне со изградбата и на нова спортска сала во населба Аеродром (кај ФФМ) во Скопје и на нова спортска сала во Крушево со која градот во иднина треба да прерасне во регионален спортски центар за подготовки.
- „Реконструкцијата на спортската сала во комплексот на УКИМ е многу важна и за образованието и за спортот, бидејќи оваа сала веќе десетина години стои неупотреблива, како вистинска руина. По комплетната реконструција на салата, над 4.000 студенти ќе може да се бават со спорт и да ги реализираат часовите по физичко образование во современ и безбеден спортски објект“, рече Ристовски.