Сандра Африка дивее за воланот – до даска пуштен ОВОЈ хит на Миле Китиќ

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Убавина и здравје.

Пејачката Сандра Африка се пофали со видео од својот нов автомобил, кој неодамна го купи. Таа избра луксузен „кадилак“ вреден дури 100.000 евра, и го искористи слободното време за возење по улиците на Белград.

За време на возењето, Сандра уживаше во хитот на Миле Китиќ – Шампањaц, а во описот на TikTok забавно напиша:

„Удира во глава.“

За оваа прилика, таа облече тесна зелена блуза која го истакна нејзиниот тенок струк, а комбинацијата ја надополни со темни хеланки кои дополнително ја потенцираа нејзината фигура. Атрактивниот стајлинг ја направи уште позабележителна додека се возеше низ градот.

Инаку, оваа година Сандра Африка купи и свој стан, а до скоро беше верна на својот „мерцедес“, кој го возеше со години. Новиот автомобил ѝ донесе дополнителна радост и можност да се опушти и забавува во секое слободно време.

29 октомври 2025 - 14:31