„На Роналдо ножичките беа страшни, ама никој никогаш како моите“
Во најславните денови од клупската историја, со играчи како Габриел Батистута и Руи Коста во тимот, Фиорентина играше преубав фудбал и правеше дар-мар. Во 1999-та година во натпревар од Лига на шампиони Италијанецот Мауро Брешан против Барселона постигна спектакуларен гол со ножички од преку 20 метри. Тој гол уште се прераскажува и се споредува со оној ненормалниот на Роналдо против Јувентус и на Ривалдо со Валенсија.