Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Јапонскиот „Ден на културата“ во Скопје и Битола

2 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Амбасадата на Јапонија ќе го прослави „Денот на културата“, кој се одбележува секоја година во Јапонија, прв пат со концерт на јапонска минјо музика и недела на јапонски филмови и анимации во Скопје и Битола. 
  • Околу овој датум се одржуваат многу фестивали за уметност и култура, доделувања на награди во организација на приватни и јавни установи во земјата. Тука ќе биде одбележан со:

 04.11. | 19 ч. | Музеј на македонската борба за независност | НИХОН МИНЈО КОНЦЕРТ

13.11. | 19 ч. | во Кинотека проекција на „Под отворено небо“
14.11. | 19 ч. | во Кинотека проекција на „Нико од рибарското пристаниште“
15.11. | 11 ч. | во Кинотека проекција на „Пингвински автопат“
15.11. | 19 ч. | во Кинотека проекција на „ВОТАКОИ: Љубовта е тешка за отаку“
17.11. | 19 ч. | во Кинотека проекција на „Изнајми мачка“
18.11. | 19 ч  | во Кинотека проекција на  „Бурманската харфа“

19.11.  | 19 ч | во КИЦ - Битола проекција на „Под отворено небо“
20.11.  | 19 ч | во КИЦ - Битола проекција на „ Бурманската харфа “

Влез слободен.

извор

Водич за 108-те додворувачи на Пенелопа во „Одисеја“

15 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Пред премиерите и пошироката дистрибуција на Нолановата „Одисеја“, Харперс Базар објавува водич за сите 108 додворувачи на Пенелопа кои упорно чекаат таа да избере друг сопруг, во отсуство на нејзиниот Одисеј. Не дека и Хомер им доделил на сите кој знае какво внимание, но добро е да се знаат барем неколкумина за подобро следење на дејството.
  • Антиној е главниот иницијатор за заговорот против Одисеј и неговиот син Телемах. Тој е оној кој предлага да се убие Телемах за да се осигура дека престолот на Итака ќе остане слободен. Груб и арогантен, тој ја претставува аристократијата во надолен пад, раководел од алчност а не од вистинска љубов. Го игра Роберт Патисон.
  • Евримах е благородник од Итака кој се претставува како харизматичен и шармантен, но е дволичен, учествувајќи во заговорот со Антиној да го убие Телемах и спиејќи со слугинката на Пенелопа за да добива информации. 
  • Полибиј е многу помудриот татко на Евримах, еден од последните кои ќе преживеат во конечната битка. Ќе биде убиен од свињарот Евмај. 

Останатите на линкот.

извор

Почина Сем Нил

13 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Новозеландскиот актер Сем Нил, кој светската публика најмногу го памети по улогите во филмовите „Паркот Јура“ и „Пијано“, почина во Сиднеј на 78-годишна возраст. Во објава на неговите профили на социјалните мрежи, семејството наведе дека смртта била „ненадејна и неочекувана“. Нил во 2023 година откри дека му бил дијагностициран ангиоимунобластичен Т-клеточен лимфом, редок и агресивен вид на не-Хочкинов лимфом. По лекувањето со терапија со генетски изменети Т-клетки, во април оваа година соопшти дека повеќе нема траги од болеста.
  • Во текот на својата богата кариера Сем Нил важеше за еден од најразновидните и најпрепознатливите актери од Нов Зеланд. Со леснотија настапуваше и во авторски филмови и во големи холивудски продукции. Најголема светска слава стекна со улогата во „Паркот Јура“, а во филмот „Пијано“ го толкуваше сопругот на ликот што го играше Холи Хантер.
  • Тој припаѓаше на генерацијата актери и режисери кои стекнаа меѓународна афирмација по подемот на австралиската кинематографија кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век. Иако целиот свет го доживуваше како новозеландски актер, неговите корени се во Северна Ирска. Роден е во 1947 година во градот Ома, во округот Тајрон, каде што неговиот татко, офицер во Ирската гарда и по потекло Новозеланѓанец, бил распореден на служба.

    (фото: EpaImages)
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Компанија од Сарај која увезувала јаглен за РЕК Битола стана голем акционер во „Македонијатурист“

2

Немаат крај испрашувањата на Павел Дуров од Телеграм

3

Српска потрага по презимето на Александар

Балканштина
4

Работава излезе трудна со Сенегал на Мундијалот

5

Томас Милер кратко и прецизно за Англија

Фудбал
6

Што чита Украинец на Тасос?

Балканштина
7

САД ќе бараат депозит од 100.000 долари за „зелена карта“

8

Како го доживеаа пресвртот двајца аргентински пензионери?

Фудбал
1

Што можеме да научиме од средниот век за спречување на „прегорувањето“

Bookbox
2

Носталгијата по работа со раце

Bookbox
3

Во меѓуѕвездениот простор е откриен природен шеќер

Bookbox
4

Водич за 108-те додворувачи на Пенелопа во „Одисеја“

5

Од каде потекнува изразот „оставен на цедило“? 

Bookbox
6

Девет од десетте најпродавани романи во Велика Британија започнуваат со убиство на жена

Bookbox
7

Почина Сем Нил

8

Претепан писателот Владимир Арсениевиќ

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Српска потрага по презимето на Александар

Балканштина

Епитафна биографија

Балканштина

Што чита Украинец на Тасос?

Македонштина

Тие дворот не можат да си го средат....

Балканштина

ВИ баба за виралноста и алгоритмите

Балканштина

Одамна една сцена татко-син не нè допрела волку

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како да се има тело како Џесика Алба?

Ситуацијата во која државата е главен работодавец е совршен терен за секој облик на деспотизам

10-те правила на Бордејн за печење месо на скара

Васо је мало нервозан

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy