Евгениј Поп Ацев прогласен за спортист на годината
12 ноември 2025
- Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“ на спортисти, тренери, спортски работници и организации, кои изминатата година постигнаа одлични резултати и придонесоа за развој и унапредување на македонскиот спорт во различни категории.
- Наградата „13 Ноември“ - Спортист му беше доделена на еден од најуспешните македонски пливачи Евгениј Поп Ацев, кој минатата година го преплива Ла Манш и со тоа стана петтиот Македонец кој го препливал каналот.
- За најдобар тренер е прогласен Кире Лазаров, кој со Алкалоид стигна до титулата ЕХФ Европски куп, а наградата „Спортска екипа“ му припадна токму на ракометниот клуб Алкалоид.
- Наградите „13 Ноември“ се доделуваат по 55-ти пат, традиција што започна уште во 1970 година.