Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Во Русија веќе нема што да се санкционира

13 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По воведувањето санкции за руските нафтени компании, САД ги исцрпија опциите како да го притиснат Кремљ да преговара за мир во Украина, изјави државниот секретар Марко Рубио. „Не остана нешто за да му воведеме санкции. Ги удривме нивните големи нафтени компании. Тоа беше она што сите го бараа“, изјави Рубио.
  • САД ги замрзнаа трансакциите на двете најголеми руски нафтени компании Роснефт и Лукоил и на нивните филијали низ светот, во обид да ги запрат најголемите извори за финансии за руската војна во Украина. Одлуката стапува на сила на 21 ноември.
  • Премиерот Виктор Орбан го убеди Доналд Трамп Унгарија барем уште една година да добива руска нафта за да ја спаси економијата. Тоа го бараат и Романија и Бугарија, кои ќе останат без големи рафинерии на Лукоил. „Воведуваме санкции за да се почитуваат. Зошто би ги воведувале ако не се почитуваат?“, забележа Рубио.
  • Европската Унија досега воведе 19 пакети на разни санкции за Русија - за банки, за течен природен гас, за тргување со криптовалути и за флотата танкери во кои наводно се шверцува нафта. Тие до некаде ја влошија економската ситуација во Русија, но тоа не се гледа на бојното поле во Украина.
  • Киев тврди дека уште има што да се казнува во Русија. „Уште повеќе нафтени компании, уште банки, инфраструктура и воени компоненти. И исплати. И Арктикот. Ќе им го објасниме тоа на САД и на другите партнери“, изјави Владислав Власјук, специјален претставник за санкции на претседателот Володимир Зеленски.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

АНБ со мирис на УДБА

5

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
6

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Почина Биљана Плавшиќ

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

8

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Азра: мала школа на политичко мислење

Сања ја заболе

Долче и Рубинче

Добро е. Ама не е добро

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy