АфД во неделата се пожали дека ѝ се затворени банкарски сметки во сојузната држава Источна Вестфалија. Пристапот до своите сметки им е блокиран на избрани функционери, а замрзнати се и средствата од донации. Преку овие сметки се извршуваат редовни плаќање на вработените, соопшти окружната канцеларија на АфД.
Банките Фербунд Фолскбанк OWL и Фолксбанк-Оствестфален ја потврдија веста, но одбија да дадат конкретни информации за случаите, вадејќи се на „правото на банкарска тајна“. Фолскбанките се дел од кооперативната банкарска мрежа и се во сопственост на нивните членови, а не на надворешни акционери.
На банкарската мрежа Фолксбанк законски ѝ е дозволено да затвора сметки на партии. Но, спорно е ако затворањето се образложува со вредности, особено кога жртвата е законска партија на која ѝ е дозволено да учествува на избори на сите нивоа.
Партијата тврди дека со години е цел на блокади воведени со политичка заднина и ги повика сите „демократски настроени клиенти“ да се откажат од мрежата на Фолскбанк. Во јануари банката Фолксбанк Дизелдорф ја блокираше сметката на филијалата на АфД. И во тој случај немаше објаснување. Во летото 2024 година, Берлин Фолксбанк ја затвори сметката за донации на федералната партија АфД, реагирајќи на петицијата на граѓанското здружение „Бабите против десницата“.

Во септември 2024 година, Дојче Кредитбанк ги откажа сметките и картичките на новоизбраниот политичар на АфД од Тирингија, Саша Шлесер, само неколку дена откако победи на покраинските избори.
Финансиските блокади почнаа уште пред АфД да биде прогласена за „екстремистичка десничарска организација“ од страна на Германската канцеларија за заштита на Уставот, врз основа на оценка од домашните разузнавачки служби. Овој статус има голема политичка и правна тежина. Државните институции и приватните актери ги третираат „екстремистичките“ субјекти за потенцијален безбедносен ризик.
Големи компании како Дојче Бан, Сименс, Миле, Еткер или Штил почнаа кампањи против десничарската партија спроти федерални избори, нагласувајќи дека „ставовите на АфД се во конфликт со нивните вредности и потреби за персонал“.
На АфД ѝ останаа средствата во банките Шпаркасен, кои како институции од јавното право се должни да ги штитат сметките на политичките партии. Тоа е разјаснето со пресуда од Сојузниот административен суд од 2018 година, во која се декларира дека партиските привилегии се загарантирани во германскиот Устав.