Најголемиот кошаркарски малер: се врати после 19 месеци и веднаш се повреди

Олимпијакос предводен од Саша Везенков и Никола Милутинов го разби литвански Жалгирис 95-78 во Евролигата. Но овој триумф ќе остане во сенка на повредата на Американецот Кинан Еванс. Тој паузираше цели 580 дена, 19 месеци поради тешка повреда. На времето играше и за Жалгирис, па сите навивачи и кошаркарите на двата тима останаа во шок кога после само 121 секунда по влегувањето во игра повторно се повреди. Овојпат Ахиловата тетива што значи дека го чека уште една долга пауза.

Кинан Еванс во јануари 2023-та ја скинал Ахиловата тетива. Во мај 2024-та скинал лигаменти. Паузирал 533 дена пред да се врати на тренинзите а после 580 дена заигра и натпревар. И малерот да биде поголем, пак се повреди, овојпат пак Ахилова тетива.

13 ноември 2025 - 11:12