Глобалното загревање не упали, на ред е „ново ледено доба“

Откако пропаднаа предупредувањата дека глобалното затоплување ќе ги крене морињата неколку метри и ќе се поплави половина свет, загрижените климатски научници го сменија наративот. Во ново апокалиптично сценарио се предупредува дека главната струја во Атлантикот би можела да колабира до крајот на векот, со што температурите низ Европа ќе паднат за 60 степени. 

Новото истражување сугерира дека е загрозена Атлантската меридијална наизменична циркулација (AMOC), која важи за критична „подвижна лента“ што ја насочува топлата површинска вода на океанот од тропските предели кон северната хемисфера. AMOC ја опфаќа Голфската струја од Мексиканскиот Залив до источниот брег на САД и понатаму преку океанот до Европа и Британија, каде што придонесува за поблаги климатски услови. 

Истражувачи од Институтот за океанологија на Кинеската академија на науките (IOCAS) и од Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего наведуваат дека глобалното затоплување ја топи ледената покривка на Гренланд, која претставува регулатор на морската температура. Стопената вода го полни северниот Атлантик и доведува до стагнација на длабочина од околу 1 до 2 километри. 

Присуството на морскиот топол џеб сугерира дека сегашното забавување на AMOC се одвива со децении, го достигнало врвот кон крајот на минатиот век и би можело целосно да запре до крајот на ова столетие, тврдат авторите.

Ова се случувало и порано – последен пат пред околу 12.000 години, што се поклопува со последното ледено доба.

Компјутерски модели покажале дека AMOC премногу забави, последиците би биле катастрофални. Најекстремната проекција е дека температурите низ Европа ќе паднат за речиси 60 степени.

Европа би имала зими типични за арктичка Канада, а врнежите би се намалиле, изјави Џонатан Бамбер, професор на Универзитетот во Бристол.

Последиците би се чувствувале глобално – би ги пореметиле врнежите во Африка, Индија и Јужна Америка и би го забрзало топењето на мразот на Антарктикот.

******
Види и: Клима 2024: Без паника

13 ноември 2025 - 16:42