Необични рекорди од Гинис во англиска Премиер лига

Според сајтот на Гинисова книга на рекорди каде има бројни необични спортски подвизи и необични занимливости, впечатлива е категоријата за најзаменуван фудбалер во англискиот фудбал. Кога судијата ќе свирнеше за измена а линискиот судија ќе кренеше знаме во знак на замена, во англиската Премиер лига најмногу пати изваден играч од игра беше Тео Волкот.

Легендарниот фудбалер на Арсенал беше голема ѕвезда на англискиот фудбал. Интересно тој прво дебитираше за англиската фудбалска репрезентација па потоа прејде во Арсенал од Саутемптон.

Стана најмлад дебитант во англиската фудбалска репрезентација со само 17 години и 75 дена кога заигра на 30-ти мај 2006 година. Пар месеци подоцна, во август дебитираше и во Премиер лига.

Во дресовите на Арсенал и Саутемптон и кратко во Евертон помина од 2006 до 2023 година.

За Англија играше на Светско првенство 2006 и Европско 2012. Беше најдобар стрелец на Арсенал во сезоната 2012/2013 кога „топџиите“ играа прекрасен фудбал со Арсен Венгер.

Тео Волкот бил најзаменуван играч во англиската Премиер лига. Тој излегол од игра на дури 168 натпревари во 19 сезони во најдобриот англиски фудбал и така го урна рекордот на легендарниот Велшанец од Манчестер Јунајтед Рајан Гигс кој 134 пати бил заменет во текот на натпревар во неговата лигашка кариера во Премиер.

Што се однесува до првата замена на Светско првенство откако Гинис брои ваква категорија, прв кој излегол од игра на Мундијал била онаа на дуелот меѓу Советски Сојуз и Мексико кога Анатолиј Пузач го заменил Виктор Серебрјаников на полувреме. На овој натпревар е забележан и првиот жолт картон на Светско првенство откако Гинис бележи рекорди.

А најбрзиот постигнат гол на играч влезен од клупа е дело на Никлас Бендтнер (Данска) кој на 22 декември 2007-ма му даде гол на Тотенхем само 6 секунди откако влезе во игра со гол со глава после корнер.

13 ноември 2025 - 10:39