Жилиен Бурон има 30 години, доаѓа од реонот Бургундија. Неговата љубов кон црвено-белите бои се појавила во март 2000-та година.
„Прват отидов на стадионот „Абе Дешам“ да го гледам дуелот меѓу Оксер и Монако, во годината кога Монако ја освои својата седма шампионска титула. Тој ден се вљубив.... Не во Оксер, туку во Монако. И од тогаш никогаш не престанам да го следам клубот“, вели Жилиен за француските листови.
Од Килијан Мбапе преку Тиери Анри, Жан Пети, Мануел Аморос, Радамел Фалкао до Давид Трезеге, Дадо Пршо, Лудовик Жили, Жилиен Ротен. Од легендарниот дрес од финале на Лига на шампиони до дресови носени кога се освоени Лига1, Куп на Франција или Лига Куп.
Сите тие а и други илјадници дресови има Жилиен Бурон, човекот кој очекува да влезе во Гинисова книга за рекорди како сопственик на најголема колекција дресови од еден ист клуб:





