Хотелската сметка на Мурињо во Истанбул
11 ноември 2025
- Жозе Мурињо не им остави баш убави спомени на навивачите на Фенербахче, па и на самиот клуб, кој нема воопшто да се израдува кога ќе го чуе ова.
- Според пишувања на весникот Yeniçag Gazetesi, Португалецот за 16 месеци престој во Турција, наводно оставил сметка од 36,5 милиони лири или скоро 750.000 евра.
- Тој престојувал во еден од најлуксузните апартмани во хотелот Фор Сизон во Истанбул.
- Инаку Мурињо беше отпуштен во август, откако беше елиминиран од Бенфика во плејофот од ЛШ, која патем сега ја води, а за раскинот на договорот до 2026-та, ќе добие надомест од 15 милиони евра.