- Најстарата и најпрестижна книжевна награда во Франција оваа година му е доделена на Лорен Мовињер за семејната хроника „Празната куќа“.
- Во најтесниот избор влезе и книгата „Ноќ во срцето“ од Наташа Апана, која претходно ја доби наградата Фемина, за нејзината книга за жртвите на машкото насилство.
- Мовињер (58) стана познат со својот дебитански роман „Далеку од нив“, објавен во 1999. Сега наградениот роман е негов десетти - на 750 страници Мовиње раскажува за своите предци од доцниот 19 век до после Втората светска војна, низ очите на жените во семејството. Романот веќе го има добиено признанието на списанието Ле Монд.
- Денеска (24.06.) во Скопје почина Јован Павловски, македонски енциклопедист, поет, раскажувач, романописец, писател за најмладите, публицист. Во три мандата беше претседател на Друштвото на писателите на Македонија, долгогодишен уредник на повеќе рубрики во „Нова Македонија“, нејзин дописник од Париз и Москва.
- Јован Павловски е роден во Тетово, на 10 септември 1937 година. Од 1980 до 1986 г. е професор по теорија и практика на новинарството на Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 год, во три мандати (1992-1994, 1994-1996, 2007-2008) негов претседател, член на Македонскиот ПЕН центар.
- Автор е на педесетина книги проза и поезија, меѓу кои култниот роман „Сок од простата“, која веднаш по појавувањето во 1990 година, ги разбранува литературните и културните води во Македонија. Како публицист, потпишува редица книги главно поврзани со конструирањето на македонскиот идентитет и борбата на Македонецот за сопствена држава. Како енциклопедист е главен уредник на Личности од Македонија (Петар Карајанов, Христо Андоновски, Јован Павловски, соавтор и уредник, 2000, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), Сто македонски години (група автори, соавтор и уредник, 2003, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), „Ми-анова енциклопедија, општа и македонска“, во четири тома (група автори, соавтор и уредник, 2006, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), Кратка Ми-анова енциклопедија, ликовна уметност (2007, група автори, соавтор и уредник Јован Павловски), четири тома хронолошка енциклопедија за историјата на Македонија од неолитот до 2003 г., група автори, соавтор и уредник: Јован Павловски) и други.
- Од јули 2026 проф. Мирко Трајковски, по потекло од Скопје (попрецизно - Буњаковец), со завршен Фармацевтски факултет на УКИМ, е Директор на Одделението за клеточна физиологија и метаболизам при Универзитетот во Женева. Тој е професор на Факултетот по медицина на истиот универзитет од 2013.
- Проф. Трајковски раководи со интердисциплинарен истражувачки тим кој се занимава со најнови експериментални технологии и ин витро модели за да се открие како метаболитичките процеси влијаат врз сложени болести вклучувајќи дијабетес, прекумерна тежина и рак.
- Тој и неговиот тим развиле иновативен метод за откривање на колоректален карцином преку анализа на бактериите во цревниот микробиом, кој е многу помалку инвазивен и речиси подеднакво точен како колоноскопијата.
Подетално за патот на Трајковски во интервју за факултети.мк од 2017.