Вести

Сомнителни зделки со нафта од 2,6 милијарди долари поврзани со Иран

Министерството за правда на САД отвори истрага за серија сомнително темпирани тргувања на пазарот на нафта непосредно пред главните најави на Трамп за војната во Иран. При само четири случаи имало сомнителни трансакции од 2,6 милијарди долари. Шемата се повторила завчера, кога ненадејно се тргувало со 700 милиони непосредно пред нафтата да поевтини за 7%.

Конгресмени бараат САД да признаат дека Израел има нуклеарно оружје

Група конгресмени бараат администрацијата на Трамп да го прекине повеќедеценискиот молк и јавно да признае дека Израел има нуклеарно оружје, што е јавна тајна која Израел ниту ја признава ниту ја негира. Додека САД се во војна со Иран, Американците треба да знаат што поседува и што може да направи нивниот главен сојузник и да ги имаат предвид можните последици.

Тед Тарнер изгради медиумска империја која се сврте против него

Тед Тарнер, кој после долга борба со деменција почина на 87 години, беше еден од последните добронамерни либерални медиумски могули. Но, речиси секоја реформа што ја проба, даде спротивен резултат. Империјата што ја создаде сега преоѓа, дел по дел, во рацете на десничарите на кои се спротивставуваше целиот свој живот. Од кабелските вести до професионалното борење, сето тоа завршува како инфраструктура за МАГА.

Речник

Шведска се откажува од поимот „исламофобија“

Почнувајќи од мај, шведската влада реши веќе да не го користи широко употребуваниот поим исламофобија затоа што пречесто се користи и за замолчување на оние кои легитимно ги критикуваат идеите и практиките на радикалниот ислам. Решија во иднина да се користи теминот „анти-муслимански расизам“

За богатите „Оданочете ги богатите!“ е говор на омраза

Милијардери со чии даноци се полни касата на Њујорк го оценија како опасно и загрижувачко видеото со кое градоначалникот Мамдани бара воведување даноци на втори луксузни домови. Стивен Рот бара слоганот „Оданочете ги богатите!“ да се третира како говор на омраза, бидејќи ги прикажува богаташите како зло што треба да се отстрани.

Неочекуван тонч од Саудијците за Трамп

Трамп објави дека го запира Проектот Слобода поради „голем напредок“ во напорите за мировен договор со Иран. Дипломатија секако имало, но вистинската причина за откажувањето била тоа што САД не можеле воопшто да ја спроведат операцијата. Саудијците, гневни поради ризикот од ескалирање, се заканиле дека ќе го затворат својот воздушен простор за американски авиони.

Народот да помогне народот да не пуши

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте го повика народот да му помогне да ја спроведе неговата ригорозна забрана за пушење ја јавни места. Како што тоа бидна и порано, ваквиот повик е зелено светло за секоја битанга да шета по улици и да го спроведува законот по свое видување.

Како попушти сефот што требаше да го спаси човештвото по апокалипса?

Намената на Свалбрад, глобалниот сеф за семиња сместен во далечните предели на Арктикот, е да послужи за не дај боже во случај на некое апокалиптично сценарио во кое е уништена комплетната глобална залиха на храна. Се наоѓа во планина, и направен е да издржи големи катастрофи "природни или човечки" и "да го издржи тестот на времето". Вчера сефот протече.

Како е да се биде маркетинг агенција на Порнхаб

Агенцијата е Офицер и Џентлмен, и е одговорна за најголемиот дел од виралните видеа и кампањи околу брендот Порнхаб. Главниот предизвик: како да рекламираш на популација која е премногу засрамена да признае дека секој ден минува повеќе време на сајтот отколку на миење заби.

Германските градинки во шумата

Она што ја разликува градинката Робин Худ од голем дел од другите градинки во Берлин е што таа е една од "шумските градинки", во која на децата со наставна програма им е пропишано секој ден да минуваат по неколку часа во шума. И ова важи за секој ден без разлика дали врнело или е сончево или е затрупано во снег.

Рангирани 100 начини да ѝ се помогне на Земјата

За првпат некој да седне, собере и измери кои се всушност најефикасните начини да се зачува планетава и да се сопрат погубните трендови на нејзиното загадување. Резултатите ќе ве изненадат.

Том Морело за Крис Корнел

„Ти благодарам за твоето пријателство и твојот хумор и твојот интелект и единствен и неспоредлив талент“, напиша по веста за трагичната смрт на Крис Корнел неговиот соборец од Аудиослејв, Том Морело. И додаде поема посветена на својот другар.

Зошто Кина учи африкански јазици?

Годинава на распоредот на кинескиот универзитет за дипломати ќе бидат додадени за учење 11 нови јазици, меѓу кои и тигриња, ндебеле и коморски, инаку локални јазици во некои од стратешките области на Африка.

Децата летоска треба да се досаѓаат

Постојат бројни активности со кои на детето може да се пополни празнотијата на летните распусти за да не му биде здодевно. Но, ако не му дадете шанса да му е досадно, кога тоа ќе открие што всушност сака?  

Што ќе ти е перика, кога можеш да се тетовираш

Не да ја тетовираш "Тајната вечера" на глава, туку да тетовираш точки. Тоа, и нула да си шишан.

Бев на последниот концерт на Корнел и видов знаци кои ја најавуваа трагедијата

Кога вечерта на вести ќе видиш како завршил човекот на чиј концерт штотуку си бил. И одеднаш ќе ти текне со која песна го завршил настапот.

Дали би го оставил Трамп да ти биде директор на фирма?

Наместо да се гледа како на политичар, на Трамп треба да се гледа како на бизнисмен, а на неговите постапки (околу Флин, Русите, ФБИ) како на ЦЕО кој се обидува да ги скрие срамните откритија за својата компанија.

Креационист го тужи Големиот Кањон за верска дискриминација

Националниот парк не му дозволувал на еден од претставниците на креационизам на млада Земја (дека планетава е стара колку библијата) да собира карпи од кањонот бидејќи го мразел заради неговите верски убедувања.

Најбогатите 500 луѓе изгубија 35 милијарди долари од драмите околу Трамп

Во падот на американските берзи што следуваше по најновите политички вознемирувања околу Трамп, Русите и што има они да бидат толку блиски, се проценува дека топ 500-те милијардери во светот имаат изгубено 35 милијарди долари. Најлошо минува Зукерберг, со минус од 2 милијарди долари.

Никој во Европа не е чист

Најнапредните ДНК анализи ги обесмислуваат оние реакции на континентот дека бегалскиот бран од Блискиот исток ќе ја извалка генетската мапа на Европа. Што се однесува до Балканците, поуката до нив гласи: ако сакате да сте верни на автентичната и повеќе милениуми долга традиција - мотиката в раце.

Почина Крис Корнел

Брзо и неочекувано, на 52 години, само неколку часа по настап, почина Крис Корнел од Саундгарден и Аудиослејв, едно од најубавите рокерски грла на сите времиња. Глас распослан во четири октави во кој чудесно се мешаа и свила и шмиргла. 

Што сè излезе на првиот ден од Гугл I/O

Андроид О, Гугл ленс, печатени фото-албуми, попаметни апликации за по дома, виртуелна реалност, ама не и нов смартфон. Барем не за сега.

Капиталистите го уништуваат капитализмот а еврото не може вака

Водечки европски економист предупредува дека еврото е оставено на цедило. Националните влади се лишени од одговорност а европска влада не постои. Враќање на националните валути не е предвидено и никој не знае како тоа би завршило. Најверојатно со распаѓање на ЕУ.

Ковчезите на Хонгконг

Проблемот со просторот во Хонгконг е што го нема, а и таму кај што го има е премногу, планетарно многу, скап. Во популација со бројност како во Хонгконг ова остава стотици илјади луѓе да живеат во нешто кое со најмногу ласкање би се нарекло - нестандарден објект, локално се води како ковчег, а на прва буквално изгледа како шкаф.

Лидерите на 4-те најмоќни економии во Европа имаат вкупно 0 деца

Меркел, Меј, Макрон и Џентилони немаат свои биолошки деца, забележува американски Вик, дополнувајќи дека ако ништо друго ова значи дека не може да се случи да го сместат своето потомство на политички позиции.

Многу поважната сторија околу "смртта на мп3" што беше пропуштена

Веста е дека луѓето што го одржуваат мп3 форматот објавиле дека се откажуваат од него. Ова може да биде толкувано на два начина, и беше толкувано на погрешниот.

Пронајдена е врска меѓу оштетување на мозокот и религиозниот фанатизам

И интуитивно е јасно дека за да си хард кор верски фанатик, треба да си малку гребнат во мозокот. Сега барем знаеме во кој дел од органот е гребнатината.

Вашингтон ѓурулти калабалак

Нели турскиот претседател во посета на САД. Нели таму на секоја посета на некој државник ќе се најде некој да протестира против неговата политика. Е па, не може тоа така, мислат бодигардите на Ердоган. Им влегоа и ги затепаа, среде Вашингтон.  

Во Америка е отворен првиот Drive-Thru за марихуана

Диспанзерот за канабис е отворен во Колорадо и генерално функционира како останатите вакви сервиси „за носење“. Не излегуваш од кола, нарачуваш нешто од менито и ти стигнува кесиче полно радости.

Глумела маж сè додека не ја обвиниле за силување

Единствена надеж да избега од сиромаштијата ѝ било да најде од скапоцениот минерал кој се криел во локалните рудници на Килиманџаро. Но, во рудниците не им бил дозволен влез на жени.