Ник Херберт од Лондон се соочувал со еден од стандардните проблеми на родител на пубертетлија, син му да биде глув за неговите повици или текстуални пораки.
Од тие причини ја направил СМС апликацијата ReplyASAP која на оној кому му праќате порака му го презема екранот, звукот и алармот. И не престанува додека тој не одговори на пораката.
Апликацијата праќа и нотификација дали пораката е видена или пак мобилниот е исклучен.
Поради којзнае кои причини, 45 годишниот татко и програмер верува дека оваа апликација ќе го подобри квалитетот на неговите односи со 13 годишниот Бен.
Згодно е за првото дете апликацијата е бесплатна, додека за второто се плаќа долар и нешто.
Незгодно е што има опција и за напнувачи кои за 16 долари го добиваат премиум пакетот со кој можат да отекуваат 20 телефонски броеви. Продавачи („симнете ја оваа апликација и ќе добиете бонус“) или партиски штабчиња тријат раце.