Украинскиот Владо Таневски
20 August 2026
- Хрватската полиција во Пула го уапси украинскиот нуркач Володимир Журавлев, кого германското судство го сомничи за кревање во воздух на гасоводот „Северен тек“ во 2022 година - додека работел на филм кој се занимава токму со таа саботажа.
- Се работи за холивудски политички трилер во режија на прославениот режисер Даг Лиман (The Bourne Identity, Mr. & Mrs. Smith, Edge of Tomorrow...), со Шон Пен и Адријан Броди, директно инспириран од експлозиите кои го уништија Северен тек а следи операција на тајна екипа украински нуркачи во исклучително опасна мисија.
- Журавлев бил ангажиран на снимањето на подводните сцени каде бил лоциран и уапсен.
- Ова е трет обид за негово приведување.
- Пред две години избегна апсење во Полска од каде со автомобил на украинскиот воен аташе бил префрлен во Украина.
- Една година подоцна повторно се појави во Полска, полицијата го приведе, но полскиот суд одби да го екстрадира во Германија со образложение дека уништувањето на руската енергетска инфраструктура е легитимна воена цел во воени околности. Но, налогот за апсење од сојузниот суд во Карлсуе остана на сила.
- Владо Таневски беше новинар и сериски убиец кој за убиствата на неколку жени пишувал хонорарни статии и репортажи. Заврши со мистериозно (само)убиство во кофа вода.