На оние што пешки или со точак шпартаат по шумски и планински патеки каде што нема интернет или достапен мобилен сигнал, апликацијата може да им биде доста корисна.
Таа комбинира детални мапи, планирање рути, ГПС навигација и следење на активностите, додека ја прикажува моменталната позиција директно на мапата, и сето тоа може да работи офлајн.
Планерот прави разлика помеѓу повеќе начини на патување, па за возење велосипед можете да изберете помеѓу туристичко, планинско и друмско возење, додека пешачките рути може да се прилагодат за да им се даде приоритет на планинарските патеки.
За планираните рути се прикажуваат растојанието, проценетото времетраење и висинскиот профил, за да можете да процените колку е тешка избраната рута.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.