Неодамнешен извештај покажува дека Доналд Трамп, во досега невиден размер им ги предал уздите на државната моќ и контрола на ултрабогата клика.
Анализата на групата за надзор „Јавни граѓани“ откри дека 57 функционери од администрацијата на Трамп вредат над 100 милиони долари, додека осум од нив вредат милијарда или повеќе.
Седумнаесет од нив се амбасадори, додека другите 40 заземаат високи позиции, вклучувајќи над една третина од позициите во кабинетот. Повеќе од половина од нив беа донатори на претседателската кампања на Трамп во 2024 година, давајќи вкупно 65 милиони долари во кампањата.
Бидејќи Господ прво себе си направил брада, самиот Трамп е вон конкуренција: богатството на неговото семејство експлодираше за над 2 милијарди долари откако се врати на власт, главно од неговите дриблања со криптовалути.
Неговата нето вредност сега Форбс ја проценува на околу 6,2 милијарди долари.
Меѓу ултра богатите се и министерката за образование Линда Мекмахон (сопруга на поранешниот извршен директор на World Wrestling Entertainment) која има безначајно искуство во образованието, но затоа вреди помеѓу 413 милиони и 1,3 милијарди долари и има дадено 20 милиони долари за поддршка на Трамп, како и министерот за трговија Хауард Лутник, кој тежи 723 милиони долари и дал 9 милиони долари за кампањата на Трамп.
Откако се врати на функцијата во јануари 2025 година, Трамп не само што ги вработи супербогатите, туку и донесе низа политики во нивна корист.
Неговиот втор мандат се опишува како како најголем трансфер на богатство нагоре во историјата на САД. Над еден трилион долари намалување на даноците за горните 1%, платени со брутални намалувања на програмите што им користат на најсиромашните Американци, како што се Медикејд и Програмата за дополнителна помош за исхрана (SNAP).
Покрај ова, тој го задуши и Бирото за финансиска заштита на потрошувачите, кое ги штитеше Американците од злоупотреба од страна на моќни финансиски институции, и донесе сеопфатна дерегулација на криптовалутите. Неговиот Министерство за труд систематски ги демонтираше заштитните мерки на работниците и им ги одзеде правата за колективно договарање на преку милион федерални вработени.
Многу од богатите функционери на Трамп задржуваат финансиски врски со компании или индустрии директно засегнати од агенциите што сега ги контролираат.
На пример, поранешната фирма на заменик-министерот за одбрана Стивен Фајнберг, „Серберус“, поседува компании што добиле најмалку 90 милиони долари во инвестиции и договори од Пентагон.