Името Мусала доаѓа од турскиот јазик (преку арапски) и обележува посебен, отворен, дел од џамиите кој се користи за молитви, и оваа генеза на името е причина за длабока вознемиреност на бугарската десница.
"Ваквото потекло е извор на трајни фрустрации на бугарските националисти. Според информациите од регионалните медиуми, неодамна пропадна уште еден обид за менување на името на врвот," објавува Билтен.орг.
Неодамна Илијан Тодоров од крајно десничарската АТАКА до кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев испраќа барање врвот Мусала да се преименува по Иван Рилски, еден од најважните светци на бугарската православна црква, кој во 10-от век живее на оваа планина како самотник. Како причини за одбивање на барањето се наведуваат потреба од "сериозна јавна расправа" бидејќи не е јасно дали името е арапско или е можна некоја друга етимологија. Плус, тоа би значело менување на глобалните туристички карти, што би било непријатно.
"Тодоров, секако, сака името да го смени од 'православни' (читај: националистички) причини. Но, бидејќи тој и припаѓа на екстремната десница, неговото барање не ни чуди. Претседателот Радев формално е од левицата, што не го спречува да се вади на етимолошки дилеми и трошоци за печатење.
На кратко, во Бугарија моментално е сосема легитимно да се цели кон системска чистка на секој топонимски траг од Турците и исламот, па дури и оние најславните. Притоа никој не е загрижен што станува збор за земја која има половина милион државјани што зборуваат турски како мајчин јазик и во која 8% од населението е од муслиманска вера," се порачува во текстот на Билтен.