Од досието на Епстин исплива и „човекот со гризнат пенис“

Министерството за правда конечно ги објави документите од досието за Џефри Епстин кои се однесуваат на Доналд Трамп. Од содржината, јасно е зошто не биле вклучени во големите пакети. Документот ФБИ 302 е извештај за жена која го обвинила Трамп дека сексуално ја нападнал кога била тинејџерка - ја присилувал на орален секс и ја удрил откако таа го гризнала за пенисот.

Новообјавените документи содржат извештаи за неколку сослушувања на анонимна жена од страна на ФБИ во 2019 година. Таа била сослушана четири пати, откако самата се пријавила по апсењето на Џефри Епстин. Во едно од сослушувањата, жената го обвинила Епстин дека сексуално ја искористувал. Во другите раскажала детали и тврдела дека и Трамп се обидел сексуално да ја злоупотреби.

Пакетот со неколку милиони обелоденети документи од досието Епстин содржеше само забелешка со која се сумираат извештаите од сослушувањето на жената. Министерството за правда оцени дека немало докази за обвиненијата. Трамп лично упорно негира дека сторил кривично дело и дека нема докази за негова вмешаност во мрежата на Епстин за трговија со луѓе.

Прес-секретарката на Белата куќа, Каролин Ливит, ги нарече обвинувањата „целосно неосновани, поткрепени со нула веродостојни докази, од тажно вознемирена жена која има богато криминално минато“.

Неоснованоста на овие обвинувања е поткрепена и од очигледниот факт дека одделот за правда на Џо Бајден знаел за нив четири години и не направил ништо со нив - затоа што знаеле дека претседателот Трамп не направил апсолутно ништо погрешно. Како што рековме безброј пати, претседателот Трамп е целосно ослободен од обвинението со објавувањето на досиејата за Епстин.

Новообјавените документи имаат датуми од август до октомври 2019 година. Жената, чие име е пречкртано, тврди дека кога била на возраст од 13 до 15 години, Епстин ја однел во Њујорк или во Њу Џерси, каде што, „во многу висока зграда со огромни соби“, ја запознал со Трамп. 

На Трамп не му се допаднало што личам на момче, рекла таа.

Биле присутни и други луѓе, но жената не можела да се сети кои. Трамп ги замолил да ја напуштат просторијата, а потоа рекол „нешто како: Дозволи ми да те научам какви треба да бидат малите девојчиња“, според белешките од интервјуто.

Потоа Трамп ги откопчал панталоните и „ѝ ја спуштил главата до пенисот“. Таа го гризнала. Како одговор, „Трамп ја повлекол за коса и ја удрил во главата“, се присетила таа во интервјуто.

Тргнете ја оваа мала кучка од тука, рекол Трамп, според сведоштвото на жената. Во документот не е запишано како завршил инцидентот.

Во едно од интервјуата, жената додала дека таа лично и луѓе блиски до неа добиле серија заканувачки телефонски повици, за кои верува дека се поврзани „со Епстин или со другиот“. Кога агентите ја притискале да каже на кого мисли, таа рекла „Трамп“.

Во последното интервју, агентите повторно ја прашале за нејзините наводни врска со Трамп, забележувајќи во документот дека тој сега е „актуелен претседател на САД“. Жената, според резимето од интервјуто, прашала: „Која би била поентата да се дадат информации во овој момент кога постои силна можност дека ништо не може да се стори во врска со тоа?“.

Трамп во периодот на претседателската кампања во 2016 година се соочи и со други обвинувања за сексуални напади од жени. Во 2023 година, тој од порота на федерален суд беше прогласен за одговорен за сексуално злоставување и клеветење на писателката Џин Керол, која тврдеше дека Трамп ја силувал во продавница на Менхетен во 1990-тите, а потоа тврдел дека таа лажно сведочи против него. Трамп побара од Врховниот суд да ја поништи пресудата од 5 милиони долари што поротата ѝ ја додели на Керол. Таа, исто така, доби пресуда од 83,3 милиони долари во 2024 година откако друга порота откри дека Трамп ја клеветел.

6 март 2026 - 11:30