- Атина ќе распореди систем за ракетна одбрана Патриот, борбени авиони ф-16 и воен персонал близу до Бугарија, за да ја зајакне нејзината заштита од евентуален напад од Иран.
- „Една батерија Патриот ќе биде преместена на соодветна област во северна Грција за да обезбеди антибалистичка покриеност за голем дел од бугарската територија. Два авиони ф-16 ќе бидат издвоени во единствена мисија за дополнителна заштита на Бугарија“, соопшти Министерството за одбрана на Грција.
- Бугарија објави дека не учествува во војната на САД и Израел против Иран. Сепак, присуството на американски борбени авиони на нејзина територија, како дел од вежби на НАТО, предизвика загриженост кај јавноста поради иранските контранапади врз воените сојузници на САД.
- Атина веќе распореди системи Патриот и авиони ф-16 на Кипар.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.