Зошто Кина молчи за Иран?

Молчењето на Пекинг за Иран е најтрпеливиот и најразорниот потег на шаховската табла; Кина ја гледа Америка како ја демонтира сопствената хегемонија во реално време, додека тивко го наследува секој сојуз што Вашингтон го гори. Наполеон викаше никогаш да не го прекинуваш непријателот кога прави грешка.

Сите си ја чукаат главата прашувајќи каде е Пекинг додека САД и Израел го бомбардираат Иран, огромниот кинески енергетски партнер, а одговорот е толку брутален во својата едноставност што повеќето аналитичари целосно го пропуштаат: империјата се јаде себеси а Кина веќе ја гради замената.

Америка штотуку го вовлече целиот Блиски Исток во војна за Израел, а Саудиска Арабија, ОАЕ, Кувајт и Катар сега дискутираат за повлекување од договорите со САД и откажување на инвестициските обврски. Државите од Персискиот Залив, буквалната основа на петродоларот, системот што го одржува американскиот долар како светска резервна валута од 1974 година, активно дискутираат за излез, а Пекинг не направи апсолутно ништо за да се случи тоа. Вашингтон си го направи тоа сам на себе.

Еве што луѓето пропуштаат: Кина го виде ова пред многу години и веќе ги постави патеките (иницијативата „Појас и пат“) тивко поврза 150 земји со кинеска инфраструктура, пристаништа, железници, автопати, оптички кабли, електрични мрежи... додека западните медиуми едвај го покриваа тоа.

Саудиска Арабија почна да ѝ продава нафта на Кина во јуани во 2023 година (само тоа требаше да биде насловна вест еден месец), БРИКС се прошири со Саудиска Арабија, ОАЕ и Иран, Кина го гради CIPS (Cross-Border Interbank Payment System) како директна алтернатива на SWIFT.... Сите овие потези беа направени пред да падне една бомба врз Иран.

Потоа тука е Африка. Најмладиот континент на планетата, со просечна возраст од 19 години, се предвидува да достигне 2,5 милијарди луѓе до 2050 година и да пререасне во најголемата работна сила што планетата некогаш ја видела.

Кина го разбра тоа пред 20 години, дека оној што ја гради инфраструктурата на Африка ќе биде сопственик на 21-от век.

Додека САД трошеа 4 трилиони долари уништувајќи го Ирак и Авганистан, Кина градеше железници во Кенија, брани во Етиопија, пристаништа во Џибути, автопати во Нигерија, технолошки центри во Руанда, стадиони, болници, владини згради, телекомуникациски мрежи напојувани од Хуавеи низ целиот континент...

Го направија тоа без да испукаат ниту еден куршум, без промена на режими, без санкции, без лекции за демократија, само бетон, челик, оптички влакна и долгорочни  договори.  

Кога луѓето прашуваат зошто Кина молчи за Иран, одговорот е дека молчењето е стратегијата. Секоја војна што Америка ја води за Израел чини трилиони, ги дестабилизира енергетските пазари, ги отуѓува партнерите од Заливот и го турка целиот глобален југ поблиску до систем што Пекинг го градеше две децении.

Пишманењето на земјите од Заливот во моментов нема никаква врска со идеологијата, Вашингтон го претвори целото нивно соседство во воена зона за да служи на регионалната стратегија на Тел Авив, а потоа ги замоли да продолжат да купуваат државни обврзници… математиката едноставно престана да функционира, а кога математиката ќе престане да функционира, и лојалноста исто така престанува.

Молчењето на Пекинг за Иран е најтрпеливиот и најразорниот потег на шаховската табла; Кина ја гледа Америка како ја демонтира сопствената хегемонија во реално време, додека тивко го наследува секој сојуз што Вашингтон го гори. Само треба да продолжи да гради и да молчи.

Наполеон рече дека никогаш не го прекинуваш непријателот кога прави грешка, Си Џинпин го претвори тоа во доктрина од 50 години и моментално гледа како тоа се исплаќа побрзо отколку што очекуваше дури и Пекинг.

@BetterCallMedhi

7 март 2026 - 12:42