Да се памтиме по пцовки

Во цел текст со неколку анализи и студии не само што нема ни една лоша работа кажана за пцуењето, туку има и пофални.

Севкупниот впечаток е дека пцуењето во јавност или на работа, понекогаш прави повеќе да им се допаѓаш на луѓето. Студија која покрива Италијанци заклучува дека кога измислени политички кандидати пцуеле во своите писмени обраќања, оставале подобар впечаток на публиката. На другата страна на светот, пцуењето денес е десетина пати поприсутно во американската литература отколку во 1950-те.

Американците пресметале и дека политичарите што пцујат ќаруваат на нешто што се нарекува "прикриен престиж", односно се обидуваат да покажат дека се автентични Американци. Наместо стандардниот американски англиски јазик, кој има "очигледен престиж", тие со пцовките може "се обраќаат на помала група гласачи, преку олабавување на својот говор и зборење како секојдневен човек".

Според истражување од минатата година истиот овој принцип е успешен и во работна средина. Заклучокот од него покажува дека канцелариски работници од САД, Британија и Франција користеле пцуење за да привлечат внимание или за да нагласат итност, како и за развивање пријателство и солидарност со колегите. Во истата студија се тврди дека жените пцуеле за да се наметнат во околина доминирана со мажи, или за да стекнат почит од машките колеги.

Слично испитување покажало дека колегите го користат зборот "fuck" како знак на пријателство. Зближувањето меѓу колегите се смета и за мотивот за пцуењето во испитувањето меѓу шведските работници.

 

7 септември 2017 - 15:44