Таг: пцовки

MME: нова изложба на тема пцовки и клетви во Берлин

Од „клетвата“ на саркофагот на египетскиот фараон Тутанкамон, до современи начини на колнење и пцуење, нова изложба во Музејот на комуникација во Берлин ја следи историјата на еден универзален елемент на човечкото однесување. 

Што убаво воспитани тренериве

Запознајте ги двајцата српски тренери Милан Павловиќ кој го тренира Иртиш од Казахстан и Милан Косановиќ кој е на кормилото на Раднички Ниш. Се сретнаа на пријателски натпревар во Турција и од што примерно се однесуваа, видеото во еден момент остана без тон, а теренот без играчи.

Да се памтиме по пцовки

Во цел текст со неколку анализи и студии не само што нема ни една лоша работа кажана за пцуењето, туку има и пофални.

Коментаторот на Арена Спорт со краток фитиљ

Коментаторот на спортскиот канал Арена Спорт Ненад Миловановиќ, кој ги читаше резултатите од комплетното коло во италијанското првенство, во еден момент се изнервира што не го изговори правилно Кјево Верона. И бидна што бидна во живо.

Урликот на Грофот

Тренерот на Црвена звезда, Миодраг Божовиќ долги години во играчката кариера носел одело пред секој тренинг и натпревар по што го добил прекарот Гроф. На денешниот меч Звезда - Војводина толку многу го пцуеше судијата што докажа дека оделото не го чини човекот.

Модриќ се извини

„Ме понесе еуфоријата. Незгодно ми е, затоа што тоа не е мој обичај. Се извинувам и на Скомина и на сите, кои ги навредив пред се во Словенија", изјави Лука Модриќ.

Одложена ТВ снимка заради многу пцуење на стадион

Се гледа дека БиБиСи никогаш не снимале спортски настан во Кавадарци, па на натпревар од шкотската лига им се слушнало премногу пцуење и морале да ја одложат ТВ снимката.

Кратка историја на пцуењето

Во новата книга „Мамицата: кратка историја на пцуењето", експертот за средовековна литература Мелиса Мор ја истражува употребата на опсцениот јазик од стариот Рим до денес. Еве некои од нејзините откритија.