Модриќ се извини

„Ме понесе еуфоријата. Незгодно ми е, затоа што тоа не е мој обичај. Се извинувам и на Скомина и на сите, кои ги навредив пред се во Словенија", изјави Лука Модриќ.

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ се извини за пцовките кон словенечкиот судија Дамир Скомина, момент кој го фатија камерите на мечот Реал Мадрид - Манчестер Сити.
 
По одлична игра, Модриќ излезе во 88’ минута и крајот го испрати од клупата. После еден старт над Роналдо кој Скомина не го санкционираше, Модриќ скокна од клупата и пцуеше „мајка словенечка“. Неговиот испад набрзо го осудија словенечките медиуми, а ним им се придружи и ФАРЕ, здружението кое се бори против дискриминација.
„Дури кога ја видов снимката се свестив каква простачка реакција сум имал. Ме понесе еуфоријата. Незгодно ми е затоа што тоа не е мој обичај. Се извинувам на сите кои ги навредив и на Скомина и на сите други, пред се во Словенија. Не е во ред и не смеев да си допуштам такво нешто. Се срамам“, изјавил Модриќ за хрватски Спортски новости.
Реал со триумфот од 1:0 против Манчестер Сити се пласираше во историското 14. финале од Лигата на шампионите. „Кралевите“ на 28. мај од 20:45 на Сан Сиро ќе играат против Атлетико Мадрид.