Зборувајќи како до тогаш требала да минува низ вода висока метар и нешто за да најде храна за својата ќерка, Даниел распалува: "Да, има многу срања што се случуваат. А сите вие дремете тука гледајќи да интервјуирате луѓе во најлошите моменти на нивниот живот. Гледај, тоа не е паметно... Луѓе стварно се на своите граници, а сите вие само дремете тука со камерите и микрофоните пробувајќи да нè прашате, 'Што ни е проблемот?' И ти стварно пробуваш да го разбереш ова додека микрофонот уште ми е во лице. Кога она (ќерка и) се тресе од студ и детето ми е мокро и ти уште ми го буташ микрофонот во лице."
"Сиенен на потешкиот начин дозна дека известувањето од природни катастрофи бара поинаков пристап. Луѓето се ранливи и повредени; изгубиле имот, можеби семејство, и во одредена смисла безбедност и приватност.
Катастрофа од вакви размери ги става под знак прашање нашите пракси за известување. Нашиот секојдневен збир алатки не секогаш се доволни за ова," објаснува директорот на проектот за новинарство и траума на Универзитетот Колумбија, Брус Шапиро.
Иако не е јасно како репортерката на Сиенен го остварила контактот со Даниел, Шапиро препорачува дека новинарите во такви случаи треба да бараат "мали гестови на дозвола".