Вести

Почина најстариот американски затвореник

На 101 година, од старост, почина човекот со најголем затворенички стаж во американската историја. Последен пат побарал да му биде простена доживотната казна кога имал 95 години. А доживотната казна затвор ја дочекал со олеснување, бидејќи претходно во многу наврати му викале дека јаде за последен пат.   

Фатете се за пенкало

Норвешка студија од областа на невронауката утврди, поточно потврди, дека рачното пишување создава значително побогата и пософистицирана поврзаност во мозокот во споредба со чукањето на тастатура. Тоа може да има директни придобивки за учењето и меморијата. Со други зборови, рачното пишување го буди мозокот. Сепак, некогаш за тоа е доцна.

Мрсните функционери на мрсниот Доналд Трамп

Обама во својата администрација имал само три члена кои имале над 100 милиони долари. Џо Бајден имал петмина такви. Доналд Трамп ги има преку десетпати повеќе. Осуммина од нив имаат преку милијарда долари. Наивни ќе помислат дека таквите луѓе сега имаат доволно па ќе ѝ служат на државата. Да им беше на таквите нешто доволно, немаше ни да стигнат до тие цифри.  

Речник

Нашата планета станува сè потемна

Насловот не е некој метафоричен, поетски опис за очајната состојба на човештвото, моралот или нивото на македонските реклами на Инстаграм. Зборуваме за вистинска мерлива темнина што се шири низ површината на Земјата. Напредокот во животната средина буквално има неочекувана темна страна.

Во Австралија се размислува за поевтинување на цигарите

Досегашните долгогодишни мерки против цигарите и пушењето успеаја драстично да го намалат процентот на пушачи во Австралија. Но, остана едно жилаво малцинство кое се покажа имуно на сите мерки на државата а задоволувањето на нивната потреба за никотин создаде голем и понекогаш опасен црн пазар. Бидејќи попаметниот попушта, некои во Австралија сега бараат цигарите да поевтинат.

Науката НЕ е консензус

Уледниот Британскиот медицински журнал е критикуван за нарушување на научниот интегритет откако повлече труд во кој се сугерираше дека вакцините против ковид можеби се виновни за некои прекумерни смртни случаи за време на пандемијата. Го повлекле трудот иако немало ништо спорно во него, ама не го одразувал „научниот консензус“. А на времето, консензус имаше и дека Сонцето се врти околу Земјата.

Дали ЕУ ја има освоено територијата источно од Елба?

Римските императори не се осмелувале да прегазат источно од Елба. Исто и Карло Велики. Векови подоцна, иако е денес река која минува низ една  земја, источно од неа луѓето се поблиски до некогашните идеолошки браќа од комунизмот, отколку од сегашните браќа по националност. 

Писмото што Обама му го остави на Трамп во Белата куќа

Владетелот на Америка на заминување во последните денови од својот мандат напиша писмо до својот наследник, го превитка и го запечати во коверт адресиран до „Господинот Претседател“. Кратко по инаугурацијата Трамп изјави дека Обама му оставил писмо, ама дека содржината нема да ја сподели со медиумите. Ја сподели.

За да го разберете растот на нееднаквоста, погледнете ги чистачките

Лево е Марта Рамос, чистачка во главното седиште на денешниот гигант Епл. Истата работа што Геил Еванс (десно) ја имала во просториите на некогашниот гигант Кодак.

Исто е, ама не е исто

Анализа на квалитетот на 26 идентични производи од хрватскиот и германскиот пазар, покажала дека повеќе од половина од примероците земени од хрватските маркети се со полош квалитет и поскапи отколку оние од германските маркети.

Шведска, играње, здраво

Во Шведска сè уште е илегално спонтано да се заиграш. Ако те понесе ритамот на музиката во погрешно кафуле, ете ги мргудите на врата.

Неонацизам на мозок

Неочекувано соочен со неколку векови стариот план за арабизација на Германија, градоначалнички кандидат од германската крајно десна, антиимигрантска партија НПД, вети дека ако биде избран ќе ги укине арапските бројки.

Пентагон и кучињата од 25.000 долари

И покрај неколку обиди за разработување на домашниот пазар и одгледувачници, американската војска своите кучиња ги купува од Централна и Источна Европа. Цената на овие примероци е 25.000 долари од куче, и до крај на обука таа знае да порасне и за до 10 пати.

Мостот што ќе го спои Крим со Русија

Најавен речиси веднаш по експедитивното анектирање на Крим од Украина, работата на мостот се одвива со запазување на рокови на ниво на организација на Олимпијада. Следната година треба да почне патниот сообраќај преку мостот, а во 2019 и железничкиот.

Зошто Мека ќе добие реновирање од 80 милијарди долари?

Моментално Мека ја посетуваат околу 8 милиони туристи годишно. Саудиската влада има намера оваа бројка до 2030 да порасне за дополнителни 20 милиони туристи.

Зошто лажните вести толку брзо се шират на Фејсбук

Прво, самите социјални мрежи се така склопени што овозможуваат вирално ширење лажни вести. Второ, луѓето што работат на ширење лажни вести одлично си ја знаат работата (несебично помогнати од самите социјални мрежи).

Мајкл Мур: Трамп е на пат да победи и во 2020

Трамп може нема да го освои мнозинството од гласачите, ама како што сега стојат работите сигурно ќе го освои мнозинството гласови од изборниот колеџ, порачува истиот човек кој уште во јули 2016 беше меѓу првите луѓе од меинстрим левицата кој предвиде пораз на Хилари.

Опуштете се, од сега има и безглутенска вода

Производителите на флаширана вода кои со години ја усовршуваат уметноста како да му продадеш на човек нешто што може да го добие (скоро) за без пари, својата вештина за ловење наивни само што ја издигнаа на сосема ново ниво - вода без глутен.

ЕУ ги изневери своите Роми

Во 2011 донесoa стратегија за решавање на бројните проблеми на ромското малцинство. После половина пат до 2020 година до кога ќе трае стратегијата, резултатите се бетер. 

Најфранцускиот грабеж сред Париз

Тоа што не знаевме ние, а очигледно знае група француски крадци, е дека во катакомбите под Париз се чуваат големи резерви на старо квалитетно вино. Овие резерви само што се намалија за вино во вредност од 250 илјади евра.

Што може една севернокорејска ракета да му направи на Лос Анџелес?

Форбс пишува дека САД треба да почнат да размислуваат во поконкретни термини за можноста од напад од Северна Кореја. Би било тоа класично ширење милитантна параноја додека не ви текне дека на едната страна на клацкалката седи некој како Ким а на другата некој како Трамп.

Кој ќе работи после брегзит?

Како што Британија полека зацапува во брегзит преговорите со ЕУ и се соочува со "после референдум нема каење" реалноста, така добар дел од анти-брегзит предупредувањата и позициите почнаа да се реализираат. Едно од тие гласеше "нема да има кој да ни работи ако ги избркаме сите од ЕУ".

Епл му пушти бонус на Тим Кук

Првиот човек на компанијата го доби бонусот за 2017 што му следува како дел од договорот и кој во годинешната транша стандардно изнесува 560.000 акции од Епл. Преведено во пари според вредноста на акциите на берза, ова пакетче вреди 89 милиони долари.

Зошто Европејците забушаваат во август?

Иако покарактеристично за позадолжениот дел на Унијата, во речиси цела Европа август е месецот на масовен тајм-аут во кој не можеш да завршиш речиси никаква работа, доколку истата не е поврзана со туристичко трошење пари.

Кенија ќе вади зембиљи и цегери

На почетокот на неделавa во Кенија стапи на сила општа и ригорозна забрана за користење на пластични ќеси. Казните се толкави што ако те фатат со ќеса, попаметно ти е на лице место да се задушиш со неа.

Британија не може да изеде колку што Индија може да фрли храна

Околу 40% од храната произведена во Индија се фрла, а само од вкупното производството на жито во Индија се фрлаат околу 21 милион тони пченица, покажува извештајот на УНДП.

Бран европски крави мигрираат кон Сибир

Францускиот произведувач на млечни производи, во Сибир испраќа 5.000 крави за да ја ублажи зависноста на своето тамошно производство од локалните производители. Помалку се од оние кои во Македонија ги најавуваше Субрата Рој ама па, повистински се.

Гризлијата стануваат вегетаријанци

На почетокот на летото мечките на Аљаска редовно се монтирани покрај реките или во нив, на обилна гозба со лососи. Но, кога од топлото време шумските бобинки ќе созреат порано, ете ги нив по грмушки. Целата приказна и не е толку банална.  

15-те најголеми товарни бродови загадуваат повеќе отколку сите автомобили на светот

Гледано по глобални статистики од бродскиот превоз на кој отпаѓаат 90% од вкупниот товарен транспорт, доаѓаат само 3% од стакленичките гасови. Зумирањето на истата оваа статистика покажува дека 15-те најголеми товарни бродови испуштаат повеќе азотни оксиди и сулфур отколку комплетниот глобален возен парк на четири тркала.

Иранската пропаганда учи од Холивуд

Класичниот стереотип за идеолошката индоктринација на исламската република кој асоцира на слики на задоени млади луѓе кои со крв во очите извикуваат „Смрт на Америка!“ одамна не важи. За да се држат младите во патриотска работна температура, Иран снима модерни музички спотови од по 250.000 долари.