Кутре купено во Европа, се префрла во еден од неколкуте тренинг центри во САД. Таму Пентагон троши дополнителни 42.000 долари за првата фаза од обуката и дресурата на кучето која опфаќа послушност и откривање на дрога или експлозив. Дел од кучињата продолжуваат и во втора фаза, каде учат патролирање, задржување непријател и напад. Обуката на двете фази заедно трае околу 120 дена.
"Кога сè е завршено, целосно дресирано воено куче чини колку мала ракета," пишува Кајл Сток во Блумберг.
Моментално американските вооружени сили имаат околу 1.600 службени кучиња кои се ангажирани на терен со американските војници низ Авганистан, Ирак и слични мисии, или во САД како помош во закрепнување на воените ветерани. Оваа бројка е далеку помала во споредба со бројките од првите денови од американската инвазија на Авганистан.
Самите претставници на Пентагон признавајќи ја улогата на овој сегмент од вооружените сили, порачуваат дека САД се во сериозен ризик затоа што "зависат од странски извори за кучиња за поддршка на сопствената национална безбедност".
Што се однесува до кучињата што ќе завршат со служба, најголемиот дел од нив се пензионираат заради некаква повреда (проблем со колкови, искинат лигамент, спондилоза или рак) а не затоа што се премногу стари за служење.