Бран европски крави мигрираат кон Сибир

Францускиот произведувач на млечни производи, во Сибир испраќа 5.000 крави за да ја ублажи зависноста на своето тамошно производство од локалните производители. Помалку се од оние кои во Македонија ги најавуваше Субрата Рој ама па, повистински се.

Откако Владимир Путин забрани увоз на млеко и млечни производи од земјите на ЕУ како одговор на санкциите кои му ги наметнаа заради а) Крим, б) Сирија и в) разно, цената на млекото во Русија постојано расте.

За да го заштити своето производство во големата земја, Данон реши во партнерство со руска фирма, на 60 хектари да отвори своја фарма на Сибир и да ја насели со 5.000 крави. На патот долг преку 4,6 илјади километри кравите тргнуваат со камиони од Холандија и Германија, последниот конвој треба да стигне во септември а првото млеко да потече во мај догодина. Контингентот треба да обезбеди доволно суровина за непречено производство на палетата млечни производи на оваа компанија зи да ја ублажи зависноста од локалните производители.

Данон досега никаде не инвестирал во самото сточарство но прави исклучок во Русија бидејќи е битен пазар а само годинава, цената на свежото млеко пораснала за 14 проценти.

 

29 август 2017 - 12:40